Армијата на Република Македонија испрати свој вод од составот на Извидувачкиот разузнавачки батаљон да учествува на меѓународната воена вежба “ЕФЕС 2026” во Турција во рамки на НАТО.
“Испраќање на вод од составот на Извидувачко разузнавачкиот баталјон на меѓународна вежба „EFES-2026“, која ќе се реализира во Република Турција во периодот од 20.04.2026 до 21.05.2026 година.
Овој значаен ангажман претставува уште една потврда за високото ниво на обученост, професионалност и интероперабилност на припадниците на Армијата. Како дел од една од најголемите воени вежби во регионот, водот ќе биде вклучен во реализација на комплексни и разновидни задачи, дејствувајќи рамо до рамо со партнерски и сојузнички сили од регионот и пошироко.
Учество на ваков тип на мултинационални вежби претставува значаен придонес кон зајакнување на меѓународната воена соработка и подготвеноста за заедничко дејствување во различни безбедносни предизвици.”
-напишаа на социјалните мрежи од АРМ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации