БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Нијаким Гетвич е модна сензација која успеала да ги совлада предрасудите од различноста во нејзината околина [галерија]

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Нијаким Гетвич e моден модел која што е по потекло од Јужен Судан. Првата фото сесија ја направила во Сеинт Клауд во Минесота каде што живее со локален фотограф и кога ги погледнала своите фотографии сватила дека таа може да успее во светот на модата.

“Јас сум од Јужен Судан, земја во Африка каде што мојот народ е многу црн но тие се луѓе. Тие се како сите вас. Тие само имаат различна нијанса на кожата. По фотографирањето добив многу убави коментари и е-маил пораки и писма, од толку многу луѓе кои што беа восхитени. Многу луѓе ме прифаќаат и мислам дека сум убава затоа што сум поинаква.”

-рекла Нијаким Гетвич во интервју на почетокот од својата кариера во 2020 година.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

По првичниот пробив во светот на модата откако била забележана од пошироката јавност имало и случаи каде што луѓе и велеле дека треба да се подложжи на третман за посветло нијансирање на кожата. Но таа сметала дека треба да остане таква каква што е.

Со секоја нова фото сесија, нејзина фотографија или видео таа добива голем број на пораки од помлади девојчиња но и повозрасни девојки со преубави епитети за нејзината работа.

Нијаким има свој инстаграм профил каде што објавува свои фото и видео материјали каде што исто така добива голем број пофални зборови за нејзината убавина.

Нејзината специфична убавина ја прави уникат во светот на модата со што најубаво докажува дека човек може да успее во својата работа ако биде искрен пред самиот себе и пред целокупниот свет и да биде она што навистина е.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace