За ова срце сегде острат нож
А ножот веќе забоден е внатре —
И стига само да се засмеам,
Ќе сетам веднаш колку длабоко
Ме пронижал, со колку танки жилки
На остра болка в гради ’ртил тој.
И тогаш реско усетувам дека
Сум избран — сета невола и тага
И сета ропска потиштеност грда
На еден народ да ја истрадам,
Молчаливо и тврдо да ја носам.
И бележен со некој пален знак
Јас треба да ја сетам цената
На секој подвиг што напред нè води,
Дволичноста на сека победа.
О браќа, знајте — не само од подлост
Жабурлива јас страдам, што ја газам, —
А тајна чува мојот мрачен молк.
Григор Прличев: НОЖ

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]
Чествување што доликува на името Македонија: Вечер од Охрид и со серија спектакли потоа, народот во еден глас ќе каже: НИЕ ПОСТОИМЕ- МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ
Бугарскиот министер Трпешев на II заседание на АСНОМ: Другари и другарки, ние, Бугарите сме криви пред вас…”