Јас, суров нервчик, еве гаснам веќе
И божем газам на мраморна плоча.
Црнице сбогум, подгрбена мајко,
Го надживе ти својот скрбен син,
И вие збогум, о петрински лозја,
Со претчувство на ново трпко вино!
Но вие, штири, со кибарни куќи
Во кои млачно мусандрите дишат,
Баздриѓани, туѓ меѓу вас сум бил,
Сум живеел во хмурна меланхолија.
Ве тревожев ко патник што на полноќ
Застанува пред портите да клука.
Ме гоневте — рамнодушни и злобни —
А сега дури и гробјето ваши
Пак ќе го гонат мојот суров гроб,
И вземи туѓ и притеснет ќе бидам
Сè дур не дојде едно ново племе
Што ќе ме сака и прославува.
Григор Прличев: ПАТНИК

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
“Панонските Легенди”- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
30 години од згаснувањето на животот на Блаже Конески
Каков човек ќе пораснеш ако си растен со поезијата на Вапцаров? На денешен ден е роден големиот Македонски поет