Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена била средиште на богат религиски, просветителски и општ јавен живот на Разловчани но и жителите кои гравитирале со векови кон ова населено место и овој етнографски регион на Македонија.
Ктиторите на оваа црква имаат свои зографисани фрески на десниот ѕид во внатрешноста на црквата од самата дрвена окована порта која и ден денес се отвара со еден од двата оригинални клучеви кои биле изработени од селскиот ковач.
Четирите фреска на ктиторите под дрвениот балкон во внатрешноста на црквата ги носат ликовите на Поп Стојан (Разлошки), Цоне Спасов (Ингилизо), Стоил Ѓоргов и Стоил Ковачки. За секој од овие четворица луѓе има многу што да се напише, но во некоја друга прилика.
Важно е што овие четворица преку нивниот посветен живот во Бога, а потоа и во самото Разловечко востание се значајни поединци преку кои што денешните генерации на Македонци може да учат како се сака родната грутка земја и сопствениот народ.
#МакедонијаВечна


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Иван Гоцевски: Оттука тргнала борбата за слобода на Македонскиот народ
На највисоко локално и државно ниво ќе се одбележи 150 годишнината од Разловечкото востание во Делчево
Со лажен сертификат по Англиски јазик сакал да биде директор на основно училиште во Берово