БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во сабота 14.01.2023 година “Ѕвегорска сурва” ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Пренеси го гласот

Утре сабота на 14-ти Јануари делчевското село Ѕвегор повторно ќе биде центар на целиот регион, во срцето на Балканот. За време на одбележувањето на Православната Нова Година во село Ѕвегор се случува традиционалниот карневал под маски именуван како “Ѕвегорска сурова”.

Иако секоја година овој настан има свои специфики кои не се повторуваат било која друга година, сепак има една традиционална траекторија по која од памтивек се движи овој автентичен народен настан. И затоа веројатно впечатоците од секоја година се поразлични и поубави и тие никогаш нема да бидат повторени. Она што може да се види овде, се она што се прикажува од страна на посветените ѕвегорски суроваскари, ќе остане приказна за паметење и раскажување за секој посетител посебно. Со секоја Стара Нова година толку колку што може да види и да забележи посетителот секој пат кога го посетува овој масовен и преубав настан во кој е содржана традицијата на овој народ под планината Влаина, ќе биде спомен кој секако ќе остане длабоко врежан во неговата свест како негово лично искуство.

И оваа година брдницата си го најде својот стопан, кожените маски се подготвени, пепелта, сувите пиперки, неузрнетата пченка, кошарите со сено, вилите се ставени зад вратата, смешното кандило со чудниот темјан? е загачено на старата греда во домот на сурваскарскиот поп.

Публиката на отворено во селските сокаци во селото Ѕвегор ќе може да види колку била тешка минатата година, колку зли духови ќе бидат истерани од селото.

Греаната ракија е подготвена, толку колку што дал Господ…. јаболки, ореви, компир, месо, грав,, шарени бомбони, шеќер и по некоја пара се годинешниот данок кој што државата олицетворена во сурваскарските власти ќе го собере…

Секоја година Ѕвегорската сурва си има своја убавина. Секоја година ново доживување и многу нова позитивна енергија.

И секоја година сите добронамерници се добредојдени во село Ѕвегор.

bregalnickimarketing

Приказната за Ѕвегорската сурова ниту започнува од нас, ниту ќе заврши со нас. А она што може секој добронамерник да го направи е да понесе дел од богатството на Ѕвегорската сурова со себе и оваа година, за отварање на поубави хоризонти во неговиот живот, секаде каде и да оди.

Во продолжение за нашите верни читатели ќе споделиме неколку кратки видеа именувани симболично секое од нив, во насока на дообјаснување на приказната. Тоа е таа приказна која не може да се раскаже со зборови и да се долови со текст….

Видео и фото извор: Дестинација Делчево

Креирано од:


Пренеси го гласот