Вест за смртта на Гоце Делчев,
од 26-ти мај 1903, Њујорк Тајмс. Сад
Гоце Делчев е славен Македонски
(да повториме: Македонски) водач ( не Бугарски или Српски) предаден од грчки шпион по се изгледа Патријаршист на Османлиите (Турците) .
Имал 32 години.
Бил учител и, практично, тој ја создал тогашната Македонска организација која имала влијание во целата земја.
Опишан е настанот, како биле опколени во Баница, долго пружале отпор, но, биле убиени.
“Смртта на Македонскиот водач
Грќки шпион ја предал локацијата на Делчев на турците.
Лондон Тајмс- Њу Јорк Тајмс
Специјална вест
Лондон, 26 мај- Детални извештаи за смртта на Делчев, познатиот Македонски водач, вели Софискиот кореспондент на Тајмс, покажуваат како тој придружуван од група под Војвода и Кирчовски, заедно со поетот Јаворов, влегле во селото Баница, близу Серес, каде неговото присуство било предадено на Турците од Грчки шпион.
Голема воена сила го опколила селото и сите членови на револуционерната група биле убиени по долг отпор. Се вели дека мештани на селото кое турците го запалиле, биле исто така убиени.
Делчев бил на 32 годишна возраст. Тој бил учител и практично ја создал сегашната Македонска Организација, која има ограноци во сите делови на земјата. Виенскиот кореспондент на Тајмс вели дека потери и апсења продолжуваат да се спроведуваат во Вилаетот Адрианопол. Бројни свештени лица и учители биле приведени. Оружје било пронајдено во шест села. Машкото население побегнало, а земјоделските работи се во мирување.”
-стои во целата статија посветена на смртта на Гоце Делчев во Американскиот весник Њу Јорк Тајмс.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Споменикот на Тоше во Хрватска лажно носи натпис “Роден во Северна Македонија”
Си замина Нестор Огинар- Голем противник на поранешното едноумие и борец за Македонската кауза
Славко Јаневски: МОЛИТВА