Добровечер победничко Делчево!
Добровечер за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”
Добровечер Македонци, браќа и сестри на слободно Делчево.
Најпрвин би сакал да ги поздравам нашите ценети гости. Луѓето кои што директно се бореа против уништувањето на Македонштината и против криминалот на оваа ненародна власт на СДСМ и ДУИ. Луѓето кои ќе ја издигнат Македонија од пепелта во која се наоѓа, дел од силината на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ни ја вратат Македонија и ќе ја направат уште погорда и подобра, почитуван г-ѓа и пратеничка во Собранието на Република Македонија Рашела Мизрахи, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и мој пријател Никола Мицевски, Македонскиот историчар, научен советник и редовен професор во Институтот за национална историја во Скопје почитуваниот професор Ѓорѓи Малковски. Огромен проздрав и благодарност до нашите ценети гости од соседните општини и до нашите коалициони партнери.
Драги мои делчевчани, најпрво ви благодарам за постигнатиот успех во првиот круг од Претседателските избори. Докажавме дека Македонците се народ со кој никој не може да си поигрува и да ги уништува од корен. Ви благодарам од срце Делчево. Благодарам на мојот тим, мојот Општински Комитет- Општинскиот изборен штаб во кој верував и макотрпно беше на терен за да ја разбуди свеста и совеста на сите наши сограѓани кој им даде храброст и поддршка да се изборат да ги казнат оние кои не уценуваа и уништија. Верував во нив и тие веруваа во мене. Докажавме дека само на тој начин ќе уништиме едно огромно зло- зло за Македонија.
Благодарам на Унијата на млади сили нашето светло на крајот од тунелот- нашата делчевска иднина. Благодарност на УУнијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт и сите оние кои допринесоа за оваа голема победа за Делчево.
Живееме во време во кое нашиот народ покажа дека сака успеси. Нашиот народ покажа што значи пркос, покажа што значи непокор… покажа што значи да се бориме за подобро утре за нашите деца. Народот Македонски стави крај на долгогодишните криминални тендери и пустошење на СДС и ДУИ.
121 годишнината од смртта на нашиот МАКЕДОНСКИ великан Гоце Делчев не случајно се совпаѓа со предвечерието на можеби најголемиот избор што треба да го направи Македонскиот народ: Дали сакаме иднина без уцени или сакаме во Мала Речица ДУИ да ни ја кројат судбината на нашите деца.
Изборот без уцени подразбира 61 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот Парламент, а спротивното значи калкулирање, релативизирање и страв од делување, значи вртење на грб на нашата татковина.
Граѓаните на Делчево и цела источна МАкедонија се темелот на Македонскиот непокор и пркос. Тоа го покажавме на 24 април. Сигурен сум дека победата на 8 мај ќе ја зголемиме уште повеќе за да го постигнеме резултатот кој што ќе гарантира стабилност и развој без уцени и непристојни понуди.
Денес на овој ден во името на ликот и делото на нашиот патрон чие име го носи нашиот град Делчево сакам да зборувам за визија и знаење, за решеност и човечки потенцијал и капацитет.
Делчево има капацитет, Делчевчани и делчевчани знаат како треба!
По големата победа на 8 Мај кога ќе ја избереме новата Претседателка на Македонија Профорката Гордана Сиљановска Давкова и ќе обезбедиме силен мандат на нашиот
Претседател Проф Христијан Мицкоски за формирање на идна влада, подготвени сме да се вложиме себеси во создавање на подобри услови за живот за МАкедонските граѓани во сите сфери на општеството.
Токму како што Гоце Делчев своевремено крстосувал по овој наш терен од с. Панчарево па се до Штип и низ цела Македонија, нашите тимови од врата на врата беа постојано помеѓу нашиот народ, да ја споделиме радоста за победата но и да ги слушаме забелешките, предлозите и потребите на граѓаните за нашето Делчево и за Република Македонија.
Нашата сила извира од народот и токму народот ќе биде наш силен партнер за постојана соработка.
Така како што Делчев го вооружувал населението и четите со оружје во Илинденскиот период ние во 2024 година и годините кои следуваат ќе понудиме знаење, идеи и визија кои од Делчево и од Македонија ќе направат респектирана и горда општествена заедница. Ќе го “вооружиме” нашиот народ со најдоброто знаење, реформирано образование, употребливи теоретски и практични вештини.
Делчев бил познат по своите патувања како со железница така и по останатите знајни и незнајни траектории низ секој дел од Етничка Македонија.
Денес во 2024 година повторно зборуваме за потребата од модерна сообраќајна комуникација.
Наш фокус ќе биде железничкото и патно поврзување на Македонија. За делчевчани и за граѓаните на Источна Македонија предвиден е да се дозгради експресниот пат Делчево-Виница-Кочани но и големм број на други регионални и локални патишта. Сакам јавно од овде да порачам дека јас како претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ му верувам на најперспективниот тим на политичари во ВМРО-ДПМНЕ кои знаат што треба да се направи за да обезбедиме целосна позитивна трансформација на сообраќајната мрежа низ Делчево и Македонија.
Ако претходно Гоце Делчев сонувал за побезбеден и побрз сообраќај низ Македонија денес наша обврска е тој негов сон да го исполниме!
Сите ние сме растени со приказните и легендите за Курирот на Гоце. Комуникацијата во 1903 година била сведена на пренесување писма а денес наша обврска е да создадеме модерна телекомуникациска и медиска инфраструктура по најсовремени светски стандарди кои од Македонија ќе направат Балкански телекомуникациски џин во срцето на Европа.
Воената мудрост и стратешко размислување по кои бил препознатлив Гоце Делчев во годините што следуваат ќе ги претвориме во силен општонароден инструмент за одбрана на Македонија пред сите современи закани и предизвици.
И на крај доаѓаме до потребата од меѓусебната доверба и збратименост- идеали и вредности на кои Гоце Делчев особено обрнувал внимание.
Единствениот кој што на свои само 30-тина години го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Би сакал овде пред вас да споделем еден мал дел од мојот живот од моето детство, еден мал дел кој значаен за мене и моето семејство. Од мои 4 години има една убава Македонска песна и таа песна потсвесно 40 години тече низ вените Македонски. Даа убава МАкедонска песна која гордо вика “Солзи само капат прости ми, тешки се ко твојте планини, плаче срце од три страни со крвави многу години”. Го гледам тука моето семејство како да ги гледам сите мои 36 години. Поддршката ваша е најголемиот мотив уште посилно да “нагазиме”. Важно е да знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е причината токму нашето семејство да бидет толку многу големо, зголемено со сите чесни луѓе овде околу нас.
За жал загубивме важни луѓе, Македонија и ние закубивме браќа и сестри мајки и татковци, но овде мора да си ветиме дека ќе се бориме и нема да ја изгубиме татковината- татковината на моите деца, татковината на вашите деца. Јас верувам најмногу во вас, дека вие сте вистинските луѓе и тие кои ќе помогнете и овде во Делчево, и нема да ја изгубиме Македонија
Доста беа предавства, доста беа меѓунасионални поделби и нетрпеливост.
Сигурен сум дека горе некаде од небото Гоце Делчев би бил горд на својот народ ако не види обединети, како заеднички сите работиме за доброто на Делчево и нашата Македонија.
За секој има место под ова Македонско небо.
Токму затоа денес ја одржуваме оваа ТРИБИНА под наслов
“Современ контекст на идеите на Делчев: Нашата улога во борбата за која тој се залагаше”
На почетокот ќе биде потребна верба и макотрпност, но потоа многу бргу ќе дојдат резултатите.
Првиот чекор е на 8 Мај!
НЕка потечат реки народ како никогаш досега обединети зад ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија”, за успехот да биде целосен.
Јас верувам во секој еден од Вас што денес сте овде пред мене. Заедно да ја пренесеме оваа верба до секој еден Македонец и после 8 мај да се зафатиме со работа.
Промените ќе бидат во наши раце, тоа и го докаажавме, го докажавме на 24 април ќе го докажеме и на 8 мај. Македонија Зповторно ќе биде горда и наша и тоа ќе го докажеме.
Одиме во втро круг со историска победа на Македонскиот народ. Нема назад!
Да се ми живи и здрави, Бог да ја благослови Македонија, Бог да го благослови Делчево .
Да сте живи и здрави.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
КЈП „Водовод“ – Кочани: Известување за состојбата на Градската депонија и преземени работни активности
Две населби во Делчево деновиве добија нови асфалтирани улици
Започна асфалтирањето на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани