БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Оваа актерка ја има честа да биде сопруга на легендарен џедај: Мери Елизабет Винстед за нејзината улога во “Ahsoka”

Actor Mary Elizabeth Winstead walks the red carpet at the Paramount Theatre for the Austin, Texas premiere of Robert Rodriguez and Quentin Tarantino's movie, "Grindhouse," Wednesday, March 28, 2007. (Brian K. Diggs/Austin American-Statesman/WpN) **No Tabloids, No Commercial** Austin, Texas, Estados Unidos. Famosos en el estreno de la película 'Grindhouse' USA "Grindhouse" Premiere in Austin ©Brian K. Diggs/Austin American-Statesman/WpN / WpN/ COVER

Пренеси го гласот

Мери Елизабет Винстед ја глуми Хера Синдула во серијата “Асока” (Ahsoka) која што е дел од универзумот на легендарниот филмски феномен “Војна на ѕвездите.” Ликот на Мери Елизабет Винстет го следи развојот на настаните од времето на анимираната серија “Војна на клоновите” (Clone Wars). Хера Синдула во серијата Асока е воен генерал на бунтовниците која што се справува со остатоците од галактичката империја кои што се закануваат на новата Галактичка Република. Заедно со главниот лик Асока која што е носител на дејството на серијата влегуваат во трагата на тајна операција за пронаоѓање на наследникот на империјата “Големиот Адмирал Троун” (Grand Admiral Thrawn) кој што може да ја втурне цела галаксија во нова војна.

Серијата Асока хронолошки по развој на настаните следува по успешната серија “Мандалоријанецот” (The Mandalorian) а треба да биде вовед во нова филмска екранизација на дејствијата кои што водат до најновата трилогија на Војна на ѕвездите каде што во галактичка сила се појавува “Првиот Ред” предводени од Врховниот водач Сноук, но позади сцената во главна улога добро познатиот Сит господар Императорот Палпатин.

Мели Елизабет Винстед во улогата на генералот Хера Синдула на некој начин претставува замена за генерал/принцезата Леја Органа која што има континуитет од оригиналната трилогија на војна на ѕвездите а ја глумеше починатата актерка Кери Фишер.

Мери Елизабет Винстед во реалниот живот е сопруга на Јуван Мекгрегор (Ewan McGregor) кој што го глумеше легендарниот лик на џедајот Оби Ван Кеноби кој што беше учител на Анакин Скајвокер кој што во втората трилогија на Војна на ѕвездите (Епизода I-III) се трансформираше во еден од највпечатливите филмски ликови на големото платно Дарт Вејдар.

Ќерката на Мери Елизабет Винстед и Јуван Мекгрегор- Естер Роуз Мекгрегор исто така е дел од универзумот на Војна на ѕвездите која што глумеше во серијата Оби Ван Кеноби со својот татко.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот