БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Денеска во Штип се одржа јавниот форум „Жените знаат што им треба“, организиран од Здружението „Гласен Текстилец“, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Актив – мрежа за правични буџети на кој што свое учество имаше и градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски како и градоначалникот на општина Штип како домаќин Иван Јорданов.

Градоначалникот на Делчево Гоцевски имаше свое обраќање пред присутните во кое што ги истакна своите лични заложби и политики во интерес на обезбедувањето на зголемено учество и влијание на жените во локалните општествени процеси во Делчево.

“Кога жените се слушнати, локалните политики стануваат подобри, а заедницата посилна!

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Денеска во Штип учествував на јавниот форум „Жените знаат што им треба“, организиран од Здружението „Гласен Текстилец“, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Актив – мрежа за правични буџети, каде што имав можност да ги споделам искуствата и практиките на Општина Делчево во унапредувањето на еднаквите можности и поголемото учество на жените во локалните процеси на одлучување.

Горд сум што денес во Делчево имаме 9 жени директорки, командирка на полицијата, 6 советнички во Советот на Општината, 3 жени претседателки и 15 жени членки во советите на месните и урбаните заедници, како и жена на функцијата заменик-градоначалник. Ова се важни поместувања, но и потврда дека жените имаат знаење, капацитет и подготвеност активно да ја водат и менуваат својата заедница.

Особено значајно е што голем дел од нашите локални мерки и иницијативи произлегоа токму од разговорите со жените и нивните реални потреби.

Од тие иницијативи произлегоа конкретни чекори: финансиска поддршка за онколошките пациенти и семејствата со деца со мускулна дистрофија, формирање локално мултисекторско координативно тело за борба против семејното и родово базираното насилство, како и иницијативи за подобрување на условите за живот во руралните средини.

Посебно ја издвојувам иницијативата за набавка на мамограф за Здравствениот дом во Делчево. По укажувањата и барањата на жените, со поддршка од Владата се обезбедени 13,4 милиони денари, склучен е договорот за набавка и очекуваме оваа значајна здравствена услуга да стане достапна до крајот на годината. Тоа е придобивка не само за жените од Делчево, туку и за жените од поширокиот регион.

Мојата определба е јасна: да ги слушаме жените, да ги препознаваме нивните потреби и да создаваме услови нивните предлози да станат дел од општинските програми, буџети и конкретни проекти.

Затоа што еднаквите можности не се само принцип што треба да го декларираме, туку обврска што треба секојдневно да ја исполнуваме. А, кога ги поддржуваме жените, инвестираме во развојот на целата заедница.”

-напиша на социјалните мрежи во врска со овој нсстан Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски на социјалните мрежи.

Креирано од:


Пренеси го гласот