БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Пренеси го гласот

Валентина Палома Пињо е 14 годишна ќерка на славната холивудска актерка Селма Хајек и бизнесменот Франсис Хенри Пињо.

DEAUVILLE, FRANCE – SEPTEMBER 08: Salma Hayek and Deauville’s mayor Philippe Augier unveil the beach locker room dedicated to her on the Promenade des Planches during the 38th Deauville American Film Festival on September 8, 2012 in Deauville, France. (Photo by Francois Durand/Getty Images)

Валентина Палома е родена славна во септември 2007 година откако светската јавност дозна за бременоста на славната актерка Селма Хајек во март истата година. Нејзиното раѓање беше особено очекувано од страна на светските папарацо фотографи по што беше голем број пати фотографирана. По 14 години од нејзиното раѓање таа неодамна за насловната страница на магазинот Вог Мексико позираше заедно со својата мајка Селма, при што го даде своето прво интервју за светската јавност.

“Колку прекрасен ден на Мајките”, напиша Селма Хајек на својот инстаграм профил каде има повеќе од 21 милион фанови. “Ги сакам овие прекрасни фотографии од Нико Бустос”, напиша таа мислејки на шпанскиот фотограф кој ги снимил фотките, “и овој посебен момент со мојата Валентина. Ти благодарам Вок Мексико”, стои во нејзината целосна објава.

Раѓањето на Валентина е најважниот момент во животот на Селма. Таа ја роди својата ќерка на возраст од 41 година чин кој што ја прави мајка на подоцнежна возраст.

Селма Хајек е една од најпопуларните холивудски актерки која што доживеа вртоглав пробив во филмската индустрија со филмовите “Десперадо”, “Од самрак до зори”, “Беше еднаш во Мексико”, “Догма”, “Фрида”, “Бандитки”, па се до марвеловиот “Етерналс”.

Селма Хајек важи за една од најатрактивните актерки на сите времиња во Холивуд пленејки со својата раскошна латино убавина.

Во продолжение пренесуваме дел од богатата колекција на фотографии од Селма Хајек:

Креирано од:


Пренеси го гласот