БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Вработени во ЈКП “Брегалница” Делчево се жалат на ниските температури во работните простории во претпријатието

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Стравувајки за своето здравје вработени во ЈКП “Брегалница” Делчево во работните простории на претпријатието морат да работат со јакни, дебели џемпери и друга појачана зимска облека. Ваквата состојба како што сакаат да информираат во јавност вработените, е резултат на немањето на затоплување на просториите во кои работат до соодветна работна температура на која што тие ќе може да си ги вршат работните задачи непречено. Неодамна од раководството во претпријатието на вработините им забраниле да користат дополнителни уреди за дозагревање на службените простории а постоечкото парно не може да постигне повисока температура.

Вработени во претпријатието алармираат во јавност дека термометарот во останатите службените простории во ЈКП “Брегалница” ретко кога достигнува повисока температура од 15 степени целзиусови, додека температурата во канцеларијата на директорот редовно била многу повисока во споредба со останатите простории. Како што информираат нашите извори од претпријатието, канцеларијата на директорот се дозагрева со користење на клима уред додека постои забрана за користење на други грејни тела во останатите простории на претпријатието.

Ваквиот однос на раководството на комуналното претпријатие во Делчево следува по недостигот соодветен тендер за набавка на дрва за затоплување, а моментално она малку што го имаат на располагање како дрва маса било од расчистувањето на паднатите дрвја од овогодишното невреме кое се случи низ Делчево, информираат добро упатени извори од претпријатието, кои се повикуваат на Законот за заштита на укажувачи, поради високиот јавен интерес а поради страв од можни реперкусии во нивнито работење.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дали во наредниот период ќе се подобрат условите за работа за вработените во ЈКП “Брегалница” Делчево кои секако заслужуваат да не мрзнат на работното место во насока на квалитетно обавување на нивните одговорни работни задачи, останува да видиме.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace