БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Учениците од прва, втора и трета година гимназиско образование при СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица, под менторство на проф.Гоце Стојановски заедно со директорката Ема Стојковска остварија едукативна посета на Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци, на 29.10,2026 година.

Во текот на посетата, учениците имаа можност да го разгледаат Спомен домот и да се запознаат со историските настани поврзани со Разловечкото востание од 1876 година, едно од значајните востанија во македонската историја.

Преку изложените историски материјали и сведоштва, тие го проширија своето знаење за причините, текот и значењето на востанието, како и за улогата на неговите предводници, меѓу кои се истакнуваат Димитар Поп Георгиев – Беровски и Стојан Разловски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Посетата претставуваше значајна можност за поврзување на теоретските знаења стекнати на часовите по историја со непосредното запознавање со историското и културното наследство.

Учениците имаа можност подобро да ја разберат борбата на македонскиот народ за слобода и да ја осознаат важноста од зачувувањето на историската меморија.

Со реализација на оваа еднодневна научна екскурзија СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Камаеница продолжува да ја поттикнува љубовта кон историјата, почитта кон националното наследство и свеста за значењето на историските настани во градењето на идните генерации.

Креирано од:


Пренеси го гласот