Питер Кушинг е британски актер чиј што актерски опус се простира на 6 децениски простор во златната и сребрената ера на Холивуд.
Крволочниот гроф Дракула во серија филмови посветени на овој имагинарен лик и Големиот Адмирал Таркин од вселенската сапуница “Војна на ѕвездите” на Џорџ Лукас се две од неговите бројни улоги кои што се највпечатливи и најпрепознатливи за сите филмски фанатици. Иако неговата актерска харизма е застапена на над 100 долгометрашни филмови, голем број серии, радио и театарски драми сепак најголеми почести Питер Кушинг има добиено докму за неговото портретирање на Дракула и Таркин.
Неговото портретирање на суровиот адмирал Тарки во функција на Првата Галактичка Империја и Императорот Палпатин во Војна на ѕвездите е толку препознатлива на ниво на иконографија што неговата глума и лик биле застапени во овој филмски и тв серијал во анимирана верзија и верзија генерирана од вештачка интелигенција како во Star Wars: Roque One и во анимираната серија The Bad Batch, многу години по неговата физичка смрт.
Питер Кушинг е роден на 26 мај 1913 година а починал на 11 август во 1994 година. Зад себе остави еден син, покрај неговото култоролошко дело кое што засекогаш ќе остане втемелено во светската поп и филмска култура.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
КИЦ СКОПЈЕ РАСПИША KОНКУРС ЗА ЛИКОВНА ДЕЈНОСТ
Предупредување од пет зборови што сопругот ѝ го упатил на сопругата додека таа го снимала како пука во неа откако дознал за нејзината афера