БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

На денешен ден во 1970 година е роден актерот Васил Шишков

Пренеси го гласот

Тој е единствен син- пород на еден од најголемите и најзначајни актери во историјата на Македонската драмска и филмска уметност Ристо Шишков. Васил Шишков е роден на 30 Јануари 1970 година во Скопје а е крстен по името на неговиот дедо Васил по потекло од Егејска Македонија.

Васил Шишков од најрани детски денови на свои плеќи го носел бремето кое што го опкружувало неговото семејство пред се поради габаритот и значањето на неговиот татко под ударот на општествените премрежја во поранешниот државен режим.

Се одлучил да студира глума а во неговиот краток работен век беше дел од актерската екипа на Македонскиот народен театар. Неговата последна улога е во претставата „Вечната куќа“ каде го глумеше својот татко. Шишков на македонската театарска сцена работи од 1991 година.

Притоа Васил Шишков уште од почетокот на неговата актерска кариера беше популарно лице на ТВ екраните, За време на своето работење тој играше во повеќе филмови и телевизски серии. Оствари незаборавни улоги во „Македонија може“, „Бумбари“, „Адска машина“, „Џипси меџик“, „Сенки“ како и во голем број епизоди на Македонски народни приказни.

Нескротливиот темперамент и карактер кои несомнено ги наследи од неговиот татко допринесоа за негов бурен личен живот исполнет со многу премрежја.

bregalnickimarketing

Креирано од:


Пренеси го гласот