БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Деновиве пред години: Последната Пијанечка (Царевоселска) чета комити тргна во својата последна битка кон вечноста

Пренеси го гласот

“Она што го правиме како луѓе во животот, одекнува низ вечноста”, е познат цитат од еден холивудски историски филм.

И не е случаен!

Навистина Македонската историја е преполна со моменти кои до ден денешен одекнуваат со својата силина и интензитет.

Еден од тие моменти е е нападот на српската жандармерија во село Драмче, утрото на 18-ти април во 1933 година.

Главни “актери” во овој акционен “филм” од реалниот живот се припадниците на последната Пијанечка чета комити на историското ВМРО.

Мотивите за нападот над српската полиција не се до крај историски разјаснети.

На 18 (во некои документи се спомнува 19 априк) 1933 година се одвива и најкрвавата битка помежу дел од Царевоселската чета на војводата Дончо Христов и неговите соборци: Ј(А)нгел Симеонов од Царево Село, Стојан Георгиев од село Драгобрашта- Виничко Васил Николов од Кучичино- Кочани и Димитар (Митко) Паликрушов од Виница и српските џандари и војска.

Оваа петорка комити на чие чело бил поставен како водач Димитар (Митко) Паликрушов, по задача на организацијата на ВМРО од Горна Џумаја и по претходно разработен план, се упатила кон Пијанец со задача да ја нападне џандармериската станица во село Драмче.

Четата ја опколила станицата и започнала борба со српските цандари успевајки во борбата да убие 9 џандари. Додека траела борбата, била известена српската војска и џандармерија во Царево Село, која им дошка во помош на џандарите во Драмче. Четата била опколена од бројна војска, џандари и контрачети и не успеала да се повлече преку границата. Во оваа нерамноправна борба, комитите успеваат да убијат уштењ 20 српски војници, а 40 да ранат, но на крај сите се убиени или се самоубиваат да не паднат живо во раце на непријателите,

-пишува во својата Монографија “Делчево” авторот, публицист и новинар Славчо Десподов.

Оваа нивна саможртва за каузата на историското ВМРО ќе остане запаметена за идните генерации да се раскажува како историска вистина. Вистина која ќе го чува споменот на последните вооружани комити на тогашната Внатрешно-македонска револуционерна организација во регионот на Пијанец.

Повеќе детали за Последната Пијанечка (Царевоселска) чета погледнете во нашата претходно објавена статија тука.

Креирано од:


Пренеси го гласот