БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за црковно-народен собир за Петковден во село Ѕвегор

Пренеси го гласот

Во сабота 27.10.2018 година Манастирскиот комплекс “Св. Илија” во атарот на село Ѕвегор ќе биде духовно и народно прибежиште за сите добронамерници од општината Делчево но и пошироко од целиот регион.

Жителите на село Ѕвегор кои што се надалеку познати и препознаени како гостопримливи домаќини со Црковниот одбор во селото ќе приредат свечен ручек за сите присутни кои ќе го посетат прекрасниот живописен рељеф вгнезден во прегратките на Манастирскиот комплекс посветен на Св. Илија.

Настанот се организира во чест и слава на големата заштитничка на народот Св. Петка  на денот посветен во црковните канони за нејзина слава и вознес помеѓу народот-Петковден.

Овој православен христијански празник со особен пиетет и чувство на толина се чествува помеѓу жителите на Делчево и воопшто на територијата на цела Источна Македонија секоја година.

Новина за чествувањето на Петковден оваа година во селото Ѕвегор и Манастирот Цв. Илија е што на верскиот празник ќе настапи реномираниот вокален хор “Мелизма” кој што егзистира при Црквата “Св. Илија” во општина Аеродром во Скопје.

Оваа прекрасна соработка ќе му дари една нова убавина на овој духовен и народен празник, која што треба да претставува една нова искра на надеж во ова наше заедничко општество.

bregalnickimarketing

Од името на Црковниот одбор при Макастирот “Св Илија” г-динот Димитар Темелков кој што е претседател на самиот одбор на сите добронамерници им посакува добредојде на овој светол празник на кој народот треба да се обедини низ светлината на светата вера.

Народниот собир и свечениот ручек е предвидено да започне во 10.00 часот.

БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ © Сите права се запазени
Контакт оддел за соработкаМаркетинг
Прати вест

Креирано од:

Пренеси го гласот