В четврток, 28 мај 2026 година, со почеток во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар во Кочани концерт ќе одржи младата пијанистка Јулијана Јанев.
На програмата се дела од Бах, Бетовен, Рахмањинов, Шопен, Зографски и Шахов.
Осумнаесетгодишната уметница изучува пијано во класата на м-р Славче Величков, професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип и е добитник на повеќе престижни национални и меѓународни награди, меѓу кои е и освоеното апсолутно прво место во камерна музика на меѓународниот натпревар за класична музика International Youth Music Competitions, во Аталанта, САД.
Концертот се реализира преку програма на Министерството за култура и туризам, во соработка со Општина Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип
СОУ “М.М.Брицо” Делчево создава идни модни дизајнери кои што може од својата креативност да создадат бизнис
12 годишен малолетник од с. Црник пехчевско уdрил со електричен тротинет малолетно дете