Поради немоќ и огромна доза на аматеризам, интернет ботови од про-владиниот табор во текот на денот направија скок во бездна обидувајќи се да се фатат за звукот на Македонскиот кавал емитиран од чистото, благородно и достоинствено срце на еден млад човек.
Павле Силјановски не случајно е мета на пакоста на сите оние кои се срамат (читај плашат) од вистинските Македонски вредности кои се втемелени во битот на Македонскиот народ.
Срцето на секој еден Македонец ќе се стопли кога ќе го слушне милозвучниот шепот на Македонскиот кавал.
Но не и на оние кои се замислуваат дека се од север. Овој малограѓански комплекс да се биде над сите на врвот од светската карта таму некаде на север по доем на викинзите се чини како суштински сведок за она дивјачкото во нивните северни срца.
Овој звук на кавалот нив ги плаши, ги дразне до таа мера што од пакост преминуваат во злоба и хулење над се што е Македонско. И се тоа до полноќ. После полноќ веројатно универзумот е мал за нивната омраза.
Синот на Гордана Силјановска свирел кавал за пари во парк а парите ги давал на сиромашните.
Нека се пријават оние кои оваа перцепција не ја разбираат како еден чист македонски исконски дух на кроткост и добрина.
Се друго е ветер во заминување дувнат кон север.
А ете… доаѓаат јужни ветришта…
Фала ти Павле што ја разбуди Македонштината во многумина кои беа присилно поспани.
ПС. Ваков ПР за Македонскиот бит и постоење одамна немам видено! И тоа само кога кавалот свири. Што ќе стане кога зурлите и тапаните ќе грмнат?
Уреднички став


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун