Црква „Св. Великомаченик Димитрије“ – Зрновци
Оваа црква која се наоѓа на горниот ( стар) дел од селото Зрновци е изградена некаде во 19 век а била на неколкупати обновувана. Има карактеристична градба за црквите од овој крај, располага со 65 значајни, со закон заштитени икони ( работени во темпера, со гипсен грунд врз даска со различни димензии, најмалата е 22цм х 17,5цм а најголемата е со димензии 105,5цм х 80,5цм х 2,5цм).
Сите се работени во втората половина на 19 век од непознат автор. Се претпоставува дека тоа би можел да биде Димитрија Андонов Папрадишки кој работел со своја тајфа во црквите во Кочанско. Во дворот на црквата постои и стар гроб со натпис на некој поранешен свештеник.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Утре верници од крајниот исток на државата ќе се слеат кај вековното светилиште посветено на Св. Петка во село Селник, делчевско
Управата за заштита на нематеријално културно наследство ги впиша “Ратевски бамбурци” во Националниот регистар на културното наследство