БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За монструoзната смрт на Васил Чакаларов (Експлицитен речник)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Васил Чакаларов повеќе пати бил застрелан во градите во битка со Грците за време на Втората Балканска војна (Меѓусојузничка) на 9 јули 1913 година, меѓу селото Бел Камен и Невеска во месноста Лакото.

Грчкиот потполковник Михалакопулос вака ја опишал ситуацијата:

„Пет шест војници и андарти се втурнаа кон паднатото тело со победнички вик. Тој неочекувано се размрда. Повторно се издигна неговата крвава глава покриена со убава бујна кадрава коса, по кратко се издигна и телото и држејќи се до дрво во негова близина, се исправи. Така Чакаларов навистина беше многу страшен.Војниците и андартите застанаа за момент. Но за кратко тој затрепери, почна да се тресе, падна и не мрдна повеќе! (Тогаш еден андарт го удри безживотното тело на Чакаларов со нож). Тоа беше последното сознание на главата, таа опасна глава се збогуваше со своето тело. Тој веќе не чувствуваше ништо кога андартите, неговите стари непријатели го газеа она што немаше ништо заедничко со страшниот Чакаларов. Капитан Х.. со уште два удари ја отсече главата од мртвото тело.“

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Главата на Чакаларов од страна на грчките војници е набиена на кол и разнесувана низ улиците на Лерин со извиците:

„Нема Чакаларов! Нема Македонија! Го уништивме Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!“

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace