• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
Брегалнички Портал
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
Брегалнички Портал
Click Here To Join Native Media
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

октомври 14th, 2019 Регион, Што да се види?, Што да се прави? коментари 3048

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
loading...

Голак е средно висока планина (Чавка, 1538 m) во источниот дел на Репуб­лика Македонија, која се протега помеѓу Делчевска Котлина и Разловечка Клисура на исток, Калиманско Поле и Кочанска Котлина на запад и долината на Осојница на југ.

Како типичен хорст, во наведените граници зафаќа површина од 220 km2. На север и исток, падините се спуштаат до реката Бре­гал­ни­ца, која прави голем (тектонски условен) лак околу оваа планина. Кон југ, од Голак постепено продолжува огранокот Обозна, но морфолошка граница помеѓу нив не е јасно изразена. Планината генерално има меридијански правец на протегање, со должина на би­лото од 20 km, а просечна широчина од 10-12 km. Највисок врв на Голак е врвот Чавка (1538 m), а на Обозна врвот Јастреб (1273 m). Врвот Чавка е доста доминантен и од него се протега одличен видик кон целиот овој простор и кон територијата на Бугарија. Близу до него е врвот Св.Пантелејмон (1508 m), каде се наоѓа истоимената впечатлива црквичка. Тоа се единствените врвови над 1500 m, а покрај нив има уште 4 врва над 1400 m. 

Фото 21.04.2010 година
Врвот со црквата Св. Пантелејмон на 1508 МНв

Планината Голак, административно припаѓа на две општини: поголемиот, источен дел на општината Делчево, а помалиот западен дел на општина Виница. Еден сосема мал сегмент од планината (т.е. од огранокот Обозна), над с. Митрашинци, административно припаѓа на општина Берово.

Фото 01.03.2012 година
Регионалниот пат Делчево-Голак под снежна покривка

Голак има бројни природни вредности, кои главно се слабо познати на јавноста. Во геолошки поглед, планината е составена од гранити во централниот, највисок дел (Делчевски гранити), а странично и кон подножјето од гнајсеви и шкрилци. Наведените карпи се прекамбриумски до палеозојски, стари над 300 милиони години. Во пониските делови се јавува еоценски флиш над Делчево и плиоцени песоци, чакали и глини долж целото подножје. Од сите страни, планината е ограничена со раседи. Релјефот се одликува со едно изразито планинско било изградено од гранити и доста расчленети страни кон исток и кон запад. Гранитите условиле појава на интересни денудациски форми на повеќе места на планината, во вид на карпести блокови и плочи, остенци, плитки вдлабнатини во карпите, мали поткапини и др. Долж подножјето, посебно на присојните, оголени страни, гранитите се распаднати во вид на грус. Силна ерозивност се јавува и во шкрилците, а особено во плиоцените седименти до височина од 900 m. Затоа, овде има честа појава на долови, бразди, бедленд терени, земјени пирамиди (Кукуље во долината на Лошана), свлечишта и други форми. Некои од споменатите форми се интересни, доста атрактивни и привлечни за туристите. Всушност, Голак во минатото бил доста оголен, па се претпоставува дека од тука е и името. Поради заштита од ерозија, во минатиот век значителни површини биле пошумени со четинарски видови. Особено густа пошуменост има во највисоките делови, над 1200 m. Во овој висински појас се и повеќето планински извори, кои се со одлична, питка и студена вода. Дел од изворите се зафатени за чешми или се користат за водоснабдување. Без оглед на споменатите извори, поради големата оголеност, Голак е релативно сиромашен со вода и постојани површински водотеци. Така, од планинското било се спуштаат неколку покарактеристични потоци и реки, меѓу кои попознати се: Бигланска Река, Трсинска Река, Пекљанска Река, Лошана, Петрашевец и др. Овие рекички имаат доста променлив протек, така што во влажен период се вистински реки, а во лето, често пресушуваат. Дел од нив имаат длабо всечени клисурски долини, мошне атрактивни за планинарење, трекинг и планински велосипедизам. Такви се особено долините на Пекљанска, Сушичка и Лошана, во јужниот дел на планината, со помали водопади, брзаци и слапови. Покрај реките, на Голак или во нејговото подножје се изградени повеќе вештачки акумулации. Најголема и најпозната е Калиманци, потоа Лошана северно од с. Разловци и Петрашевец кај Делчево. Првите две акумулации се богати со риби и привлечни за риболовците, но и за бројните посетители кои уживаат во прекрасните пејсажи околу нив.

Фото Зајдисонце на Голак

Климата на Голак е континентална во подножјето, до континентално-планинска во највисоките делови. Воздухот е доста чист, богат со кислород, а осончаноста како за планина е долга и изнесува околу 2200-2300 часа годишно. Средногодишната температура е околу 11°С кон подножјето, до 6°С околу врвот Чавка. Во жешките летни денови, температурите на воздухот на врвот на Голак се за 5-6°С пониски отколку во Делчево или Виница, што е вистинско освежување од жештините. Врнежите се во опсег од 600-700 mm годишно, главно во пролетниот и есенскиот период. Во зима, дел од врнежите е во вид на снег, а над 1400 m височина, снегот обично се задржува 2-3 месеци.

Фото Зајдисонце гледано од Голак

И покрај пошумувања во втората половина на XX век, планината Голак сеуште е сиромашна со шуми. Особено е уништен дабовиот комплекс. Сепак, повисоките предели се со густи листопадни и четинарски комплекси. Покрај тоа, се јавуваат голем број на ретки, ендемични растенија и лековити билки и чаеви кои се берат од месец април па се до месец октомври. Такви се жолт и црвен кантарион, мајчина душица, бела рада, ајдучка трева, бозел, шипинки, капини, диви јагоди, подабиче, нане, јаглика и други. Се среќаваат и голем број на печурки меѓу кои и јадливите вргањ, лисичарка, буковка, срндак итн. Од животинскиот свет, на планината Голак се среќава ситен и крупен дивеч како што се дива свиња, див зајак, лисица, по некоја срна, потоа различни видови на влечуги, птици и др.

Фото Мотив од Туристички локалитет Голак (Локација предвидена за ски-патека)

Наведените природни вредности, како и културните содржини (археолошки остатоци, цркви, манастири, споменици, манифестации, локалните специјалитети), чинат Голак да биде атрактивна планина. Една од главните потреби на туристите е обновување или изградба на дополнителни солидни сместувачко-угостителски капацитети.

Фото Надворешен изглед на некогашното детско одмаралиште на Голак

Фото Внатрешноста на некогашното детско одмаралиште на Голак (сега со руиниран ентериер)

Порано, најголем капацитет беше детското одморалиште со 230 легла, но моментално тоа е во многу лоша состојба. Освен него, постојат неколку помали сместувачки капацитети кои работат повремено како што се Вила Гранит, Вила Фротирка, Синдикална Вила, Вила Технозавод, Шумска Вила која е сопственост на Шумско стопанство Голак од Делчево како и неколку камп приколки кои се во релативно добра состојба.

Фото Локацијата на камп приколките во Туристичкиот локалитет Голак

Фото Локацијата на камп приколките во Туристичкиот локалитет Голак

Туристичката положба на масивот е одлична бидејќи во радиус од 20 km се неколку града и тоа: Делчево, Македонска Каменица, Виница и Берово. Од Делчево, до самиот врв Чавка, води асфалтен пат, кој неодамна е обновен и во одлична состојба. Во подножјето на Голак пак, поминуваат повеќе значајни регионални патишта, како и меѓународниот пат за Бугарија.

Фото Некои од постојните некогашни вили на претпријатијата во општествена сопственост

Сето наведено било причина уште од средината на минатиот век Голак да биде поинтензивно користен за туристичка намена со изграден пат, детско одморалиште, неколку други објекти на самиот врв и сл. Затоа, во 1980-тите години бил доста посетуван, како од најмладите, така и од повозрасните. По 2-децениското запуштање, денес повторно се враќа интересот за планината. Обновени се некои капацитети, поставени се повеќе велосипедски и пешачки патеки, а има и размислувања за подигање на зимски спортски центар со скијачки патеки околу врвот Чавка. Сепак, поради малата височина (1500 m), неповолните експозиции (главно јужни и западни) и несоодветната денивелација на теренот, многу посоодветно би било да се вложат средства во други спортско-рекреативни туристички активности (трекинг, отворени спортски терени, адреналински паркови, маунтбајкинг, параглајдинг и др.). Всушност, Голак има одлични услови за излетнички, спортско–рекреативен, трекинг, маунтбајкинг, геотуризам, зип-лајн, адреналински паркови и други екстремни спортови, параглајдинг, едриличарство и сл.

Фото Спортски терени на Голак

За развој на туризмот, многу треба да се вложи и во презентација на планината Голак и нејзините вредности, бидејќи истите се слабо познати на македонската јавност. Затоа е неопходно изработка и одржување на веб-страници, понуда на приватно сместување, користење на светски портали за промоција на туристички локалитети и сместување, како Booking.com, TripAdvisor, AirBnb, изведба на поголем број настани и бројни други активности.

Фото Планинска вила Голак (единствен функционален сместувачки и угостителски објект на Голак)

Останува да се надеваме дека оваа мала, но атрактивна планина, брзо ќе го врати некогашниот туристички сјај и ќе стане препознатливо и посетено место.

На планината Голак се одиграла една од најголемите битки во пред-Илинденскиот период во која животот го загубиле

– Максим Нинев – Војводата (с.Тресонче), Петре Јуруков (с.Тресонче), Добе Јосифов (с.Тресонче), Ефто Ристов Чалија (с.Лазарополе), Спасе Глигоров – Гудурот (с.Лазарополе), Никола Долев (с.Лазарополе), Милош Митрев (с.Сливен), Ѓорѓе Сливенски (с.Сливен), Димитар Стефанов – Подвојводата (с.Јабланица), Софроние Спасов (с.Осој), Марко Ристов – Дадара (с.Росоки), Марко Росочки (с.Росоки), Доле Ехлоски (с.Ехловец), Милош Богданов (с.Годивје), Ташко Цветков (с.Гари), Ристо Китанов (с.Долно Косоврасти), Анѓеле Ѓоргоски (с.Селце), Марко Урдарески (с.Рајчица).

Повеќе за војводата Максим Ненов и за битката на планината Голак може да прочитате на нашиот портал во сл. статија

За Максим Ненов-македонски револуционер кој загинал на планината Голак (делчевско)

Преку падините на планината Голак поминувал и Февруарскиот поход, каде биле донесени значајни стратешки одлуки за натамошниот развој на борбените дејствија против германските и бугарските фашистички сили кон крајот на Втората Светска Војна.

На планината Голак се наоѓа Манастирот Св. Пантелејмон за кој помеѓу локалното население се верува дека има исцелителни моќи.

Фото Меѓународна манифестација “Голачки фолклорни средби” и голем народен собор во чест и слава на Св. Пантелејмон

Фото Ентериерот на црквата Св. Пантелејмон на Голак

Овде на празникот Св, Пантелејмон кој што е на 9-ти Август има голем народен собор.

Ноќта 8-ми спроти 9-ти Август околу врвот кој исто така го носи името Св. Пантелејмон ноќеваат под отворено небо голем број верници секоја година од цела Македонија и пошироко од светот.

Фотографии од Голачки фолклорни средби 2014 година

Таа вечер на летната сцена пот врвот Чавка се случуваат секоја година Голачките фолклорни средби, која што е меѓународен фестивал на фолклорот во кој учество земаат афирмирани фолклорни групи и ансамбли од цел свет.

Related

  • Ознаки
  • Голак
  • Што да се види?

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Фељтон: БАЛКАНСКИ ВОЈНИ (дел 6)-Втора Балканска војна
Следна објава Родина ја претстави својата визија за "Развој и заштита на семејството"
Може да Ве интересира:
Билтен на дневни активности на ЈП "Солидарност" Виница 06.07.2022
Институции

Билтен на дневни активности на ЈП "Солидарност" Виница 06.07.2022

јули 6th, 2022 36
Дебата за можностите за финансирање проекти за поддршка на социјално ранливите категории граѓани во Штип
Граѓани

Дебата за можностите за финансирање проекти за поддршка на социјално ранливите категории граѓани во Штип

јули 6th, 2022 48
Теренска посета на амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Н.Е. Вероник Улман
Институции

Теренска посета на амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Н.Е. Вероник Улман

јули 6th, 2022 51
Дневен билтен на активности на ЈП "Стипион" Штип
Институции

Дневен билтен на активности на ЈП "Стипион" Штип

јули 6th, 2022 48
Одржана јавната трибина во врска со изградбата на паркинг – платформа на Големиот паркинг во Трговскиот центар
Институции

Одржана јавната трибина во врска со изградбата на паркинг – платформа на Големиот паркинг во Трговскиот центар

јули 6th, 2022 51
Жителите на најстарите населби во Штип го добиваат заслуженото внимание од локалните власти
Институции

Жителите на најстарите населби во Штип го добиваат заслуженото внимание од локалните власти

јули 6th, 2022 42
Жителите на с. Стамер, делчевско живеат во смрдеа од фекалиите кои течат низ селото, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Жителите на с. Стамер, делчевско живеат во смрдеа од фекалиите кои течат низ селото, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

јули 6th, 2022 46
Широка акција за санирање на прекопи на сообраќајници во две населби во Штип
Институции

Широка акција за санирање на прекопи на сообраќајници во две населби во Штип

јули 5th, 2022 59
ЈП "Камена Река" од Македонска Каменица спроведоа голема еко-акција за чистење на повеќе јавни простори
Институции

ЈП "Камена Река" од Македонска Каменица спроведоа голема еко-акција за чистење на повеќе јавни простори

јули 5th, 2022 57
Facebook Comments

зголемете го приходот од вашиот веб сајт

Жена на денот
Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

Природен гламур низ објективот на самоукиот фотограф

1050
Click Here To Join Native Media
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1412
Најнови објави
Јул 6th 9:11 PM
Регион

Билтен на дневни активности на ЈП “Солидарност” Виница 06.07.2022

Јул 6th 6:48 PM
Македонија

Браникот на идентитетот е поставен со конкретни столбови на одбрана. Останува власта да се вразуми

Јул 6th 6:05 PM
Регион

Дебата за можностите за финансирање проекти за поддршка на социјално ранливите категории граѓани во Штип

Јул 6th 5:59 PM
Македонија

Видео во кое се гледаат насилниците со фантомки како се обидуваат да се инфилтрираат во вчерашниот протест

Јул 6th 5:50 PM
Регион

Теренска посета на амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Н.Е. Вероник Улман

Јул 6th 5:04 PM
Регион

Дневен билтен на активности на ЈП “Стипион” Штип

Јул 6th 4:46 PM
Регион

Одржана јавната трибина во врска со изградбата на паркинг – платформа на Големиот паркинг во Трговскиот центар

Јул 6th 2:59 PM
Свет

Македонската дијаспора ги повика Македонците од целиот свет да допатуваат во татковината за нејзина одбрана

Јул 6th 2:55 PM
Македонија

Војводи Тетово- Со ова само не правите уште похрабри и уште побројни!

Јул 6th 2:42 PM
Македонија

МВР објави видео од маскираниот провокатор кој фрли молотов коктел кон собрание

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Неделни топ 5 на Брегалнички
Полковник Драган Ковачки: Ги повикувам сите припадници на безбедносните служби....
Македонија

Полковник Драган Ковачки: Ги повикувам сите припадници на безбедносните служби....

Јул 3rd, 2022 7880
Македонија се крева на протести против бугаризацијата. Дали народот ќе успее да се избори за својот идентитет?
Македонија

Македонија се крева на протести против бугаризацијата. Дали народот ќе успее да се избори за својот идентитет?

Јул 1st, 2022926
Миленко Неделковски: Амбасадорката Брнз за денес ги свикала сите претставници на партиите во владата
Македонија

Миленко Неделковски: Амбасадорката Брнз за денес ги свикала сите претставници на партиите во владата

Јул 3rd, 2022486
Говор на тело на Претседателот Пендаровски од денешната прес конференција
Македонија

Говор на тело на Претседателот Пендаровски од денешната прес конференција

Јул 3rd, 2022454
ЈП "Солидарност" од Виница со полна пареа го исполнува предвидениот план за работа
Регион

ЈП "Солидарност" од Виница со полна пареа го исполнува предвидениот план за работа

Јул 4th, 2022443
Архива на статии
  • Градоначалник
  • Колумна
  • Штип
  • проекти за граѓаните
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Љупчо Папазов
  • Македонска Каменица
  • СДСМ
  • Иван Јорданов
  • 2021
  • Дарко Тодоровски
  • Виница
  • комунални работи
  • Општина Лозово
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Кирчо Анастасов
  • Миле Петков
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • Свети Николе
  • став
  • Димче Атанасовски
  • ЈП "Стипион"
  • Комунално претпријатие
  • Дејан Владев
  • Виктор Паунов
  • Делчево
  • Русија
  • Совет
  • Украина
  • Чешиново- Облешево
  • Игор Ефтимов
  • Поезија
  • образование
  • улици
  • Зоран Заев
  • Христијан Мицкоски
  • САД
  • војна
  • Спорт
  • избори
  • МВР
  • Пехчево
  • култура
  • граѓани
  • Берово
Наш Instagram дом

bregalnicki

Информација за нормални луѓе

bregalnicki
Виновна Рајдер во  Dracula (1992) 😱🧛‍♂️🦇 на Bram Stoker.
Моментот кога се обидуваш д Моментот кога се обидуваш да отсвириш нешто на гитара, но татко ти е оној гитаристот од Пинк Флојд
Подготвен за матура Подготвен за матура
Запознајте ги ќерките на Си Запознајте ги ќерките на Силвестер Сталоне ака Рамбо, Кобра, Роки,...
Како од идеја Илирида стану Како од идеја Илирида станува реалност...
Предвидување на театарче "Лево Ќоше" пред неколку децении
Практичен пример на закон н Практичен пример на закон на физиката за магнетно поле
Прашале милионер која е тај Прашале милионер која е тајната на неговиот успех....
Роналдо: Заборавете ги останатите девојки, фокусирајте се на една која што ве сака најмногу од се и која ќе направи се за да успеете во животот...
Семејство... Семејство...
Повеќе... Наш Instagram дом

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.
 

Loading Comments...