Општина Пехчево на чело со градоначалникот Александар Китански во континуитет работи за подобрување на сообраќајната и комуналната инфраструктура во Пехчево.
Тековно општината работи на реализација на повеќе проекти од кои што дел се однесуваат на инфраструктурата во општината.
Деновиве започна изградба на дел од значајна сообраќајница во Индустриската зона “Чуката” во Пехчево која што значително ќе допринесе за локалниот економски развој на Пехчево преку развој на предвидените дејности во самата зона.
Очекувањата на локалните стопанственици но не само на нив, се дека градежните работи многу брзо ќе завршат по што ќе може да се воспостави реализација на нивни бизнис планови за развој на предвидени дејности.
“Изградбата на дел од улицата 1 во индустриската зона Чуката во Пехчево отпочна со градежни работи.
Овој инфраструктурен проект ќе приодонесе како додадена вредност на индустриската зона преку овозможување поголем развој на постоечките капацитети и понуда за потенцијални нови инвестиции во зоната.
Воедно апелираме до компаниите да ја почитуваат привремената сообраќања сигнализација, како и да избенуваат паркирање и други активности кои би можеле да го спречат движењето на механизацијата.”
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански во врска со реализацијата на овој проект.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ во Кочани
37 годишна жена од Пробиштип влетела дома кај своја сограѓанка и почнала да ја тепа
44 годишен виничанец спречувал службено лице во вршење на службени дејствија и доби кривична пријава од полицијата