Вицепремиерот на Македонската Влада и Министер за транспорт Александар Николоски преку социјалните мрежи упати своја реакција во врска со реализацијата на еден од најзначајните проекти во државата -изградбата на автопатот Охрид-Кичево.
Николоски ги разобличува обидите на педини структури кои што се обидуваат да го дискредитираат овој проект, кој што ќе обезбеди подобар животен стандард за граѓаните во овој дел од државата.
Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:
” Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози.
Без ни еден факт! Нула!!!
Ама да се каже нешто…
Нека не го замајуваат народот.
За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок!
Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Христијан Мицкоски работи деноноќно.
Потврда за тоа е што до сега бев на работа во Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид – Кичево.
Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме” објави вицепремиерот Николоски.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Општина Берово се приклучи кон одбележувањето на 150 годишнината од Разловечкото востание
Божиновска на Belgrade Energy Forum 2026: Македонија ја зацврстува позицијата како активен регионален партнер во енергетската транзиција
Градинките во Аеродром се претворија во еко-работилници: малите херои учеа како се селектира отпад