БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Новото раководство на Комората оствари средба со министерот за здравство

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Новото раководство на Лекарската комора, предводено од претседателот проф. д-р Никола Јанкуловски, денес оствари прва средба со министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, во просториите на Комората. Од страна на Комората на средбата присуствуваа и д-р Билјана Ѓеоргиевска, претседател на Собранието, д-р Идриз Орана, заменик на претседателот, и потпретседателите д-р Биљана Петковска Огњанова за примарно здравство, д-р Ленче Нелоска за секундарно здравство и д-р Ристо Тодоров за терцијарно здравство.

На средбата беа презентирани визијата и клучните програмски приоритети на Комората за претстојниот мандат на новото раководство, насочени кон унапредување на статусот и условите за работа на лекарите, модернизација на институцијата и подигнување на квалитетот на здравствената заштита.

„Денешната средба со министерот за здравство, д-р Сашо Клековски, претставува важен чекор кон градење на силно, суштинско и конструктивно партнерство. Нашата цел е јасна, Лекарската комора да биде неизбежен, авторитетен и обединет глас на сите лекари, како и рамноправен партнер на институциите во креирањето на здравствените политики. На министерот му ги презентиравме нашите клучни приоритети за претстојниот период. Посебен фокус ставивме и на специјализации и потребата од нивно адаптирање согласно националните потреби. Верувам дека преку отворен дијалог, меѓусебна почит и стручност, заеднички ќе изградиме поквалитетен и поефикасен здравствен систем, во интерес и на лекарите и на пациентите“, изјави претседателот на Комората.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерот Клековски го поздрави изборот на новото раководство и ја истакна важноста на Комората како клучен партнер на Министерството за здравство во спроведувањето на реформите и подигнувањето на квалитетот на здравствената заштита за граѓаните. Соговорниците исто така разменија ставови и мислења за најголемите предизици со кои се соочуваат лекарите и пациентите на примарно, секундарно и терцијарно ниво, се мапираат можни решенија и се дефинираа понатамошни чекори на дејствување.

Двете страни изразија заемна подготвеност за постојан, отворен и конструктивен дијалог и се согласија дека е неопходно директно вклучување на Комората во изработката на законските и подзаконските акти, како и во спроведувањето на реформите засновани врз стручност и европски стандарди.

Креирано од:


Пренеси го гласот