На денешен ден 22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година. Во нападот загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ († 30), а тројца беа ранети.
Наредниот ден, одговорноста за нападот ја преземаа терористите од УЧК: „Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ“, се велеше во комуникето. Да се потсетиме сите на ликот и делото на Момир Стојановски.
Од 1993 година Момир работел во полициската станица Теарце. Учеше и се посвети на униформата и одговорната полициска служба. Го помнат како вредно и скромно момче од сиромашно семејство. Погребан е на гробиштата во кривопаланечкото село Добровница.
Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
Вечна ти слава Момир
Извор: We Are Macedonia – Ние Сме Македонија


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун