Како резултат на повеќемесечни планирања, состаноци и идеи припадници на Македонската дијаспора координирани преку Координативното тело на Македонците во светот и Здружението на наставници по Македонски јазик од целиот свет, во недела на 3 мај 2026 година организираат историски час посветен на идеологот на Македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
На историскиот час ќе зборува проф Д-р Александар р Атанасовски од Филозофскиот факултет во Скопје околу значењето на ликот и делото на Гоце Делчев во историски но и модерен контекст.
Оваа активност е во координација со општина Делчево каде по иницијатива на Градоначалникот Иван Гоцевски се прават напори за возобновување на подзаборавената меѓународна манифестација која што во минатото играше важна културолошка и научна улога во Македонскиот јавен живот.
Овој онлајн историски час е достапен преку видео врска а секој заинтересиран граѓанин може да се приклучи на средбата да се информира но и да учествува во дискусијата која е планирано да се спроведе.
“По повод 123 годишнината од загинувањето на еден од најголемите македонски револуционери и идеолози за самостојна Македонија, Гоце Делчев, се организира видео средба за Македонците во Европа и светот.
Поканет гостин : Александар Атанасовски – историчар , Филозовски факултет – Скопје
Недела , 3 мај , 21ч мк време.
Стои во соопштението на организаторите од Координативно Тело на Македонците во Европа и светот упатено до јавноста.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Лариса Дир: Цел на руските напади во Одеса синоќа меѓу другите беше и породилиште со мајки родилки и бебиња
Како поморскиот теснец кај Хормуз стана најзначајна геостратешка точка во светот?
Македонското Литературно Друштво „Ванчо Николески“ Квинбијан-Австралија објави повик за учество во антологија на литературни автори