На 01.05.2026 околу 17:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосницата од ул.„Борис Крајгер“ и ул.„Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С.(64) од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. По извршени проверки, било констатирано дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
Сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди денеска во Штип

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
dm повторно го отвора еко-конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ – пријавете го вашиот двор за раззеленување!
Министерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лекови
Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција