БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Интерес на воената индустрија на САД за инвестиции во Македонија

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Делегација на Македонската влада предводена од Премиерот Христијан Мицкоски вчера попладне се сретна со поголем број претставници на воената индустрија на САД.

Состанокот бил одлична можност за афирмација на можностите за инвестиции на овој можеби најзначаен економски сектор не само во САД, туку и пожироко во Македонската економија во наредниот период.

“Оддржавме средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Разговаравме за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси.

Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности за инвестиции, технолошки развој и јакнење на домашните капацитети.

Македонија има потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да бидат основа за продлабочена соработка со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста.”

-напиша на социјалните мрежи Македонскиот Премиер во врска со оваа средба.

Креирано од:


Пренеси го гласот