БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Видео: Френсес Бин Кобејн изведува оригинална емотивна песна на гитара

Пренеси го гласот

Ќерката на Курт Кобејн и Кортни Лав неодамна на Инстаграм сподели своја видео објава како изведува своја оригинална песна на гитара. И како што личи на ќерка на еден од најзначајните рок артисти во историјата на музиката песната има своја длабока лирика и емоција.

Френсес Бин Кобејн е ќерка единица на фронтменот на Нирвана Курт Кобејн и фронтжената на бендот Хол- Кортни Лав. Родена е во 1992 година, израсната од нејзината мајка по смртта на Курт Кобејн.

Во 2018 година Франсес се разведе од Исаија Силва во петмесечен бракоразводен процес кој што заврши со спогодбен договор при што Исаија како дел од спогодбата ја добил култната акустична гитара на Курт Кобејн со која тој свиреше на легендарниот MTV Unplugged концерт на Нирвана во 1993 година.

Френсес Бин Кобејн со нејзината мајка Кортни Лав во 2018 година фотографирани за списанието Vanity Fair

Френсес Бин Кобејн е визуелен уметник и моден модел која што ги поседува правата за наследството на својот татко Курт Кобејн. Нејзини кумови се Дру Баримор и фронтменот на рок составот Мајкл Стејп.

Неодамна таа сподели видео запис како пее и свири на акустична гитара.

bregalnickimarketing

-пее таа во видеото свирејки на гитара во впечатлива изведба во која се гледа нејзиниот вонсериски талент за музика.

Таа не е фан на гранџ музиката но сепак гените си го прават своето така што нејзиниот глас во голема мера ја има моќта на нејзиниот татко.

Креирано од:


Пренеси го гласот