На социјалните мрежи се споделени повеќе фотографии од споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка во Хрватска на кои се гледа дека на споменикот е поставено знамето со ѕвездата од Кутлеш што е симбол за идентификација на Македонскиот национален идентитет.
Ваквиот гест на поставување на ова знаме на споменикот на најголемата Македонска ѕвезда е направено од страна на младиот светиниколчанец Стефан Коцев кој бил на пропатување низ ова место, каде што застанал да го посети споменикот, но бил изреволтиран од тоа што го прочитал на споменикокт дека Тоше Проески бил роден во Северна Македонија.
За Тоше Проески не постоеше ниедна друга држава со друго име освен Република Македонија, што јасно и гласно и со гордост го истакнуваше на своете концерти и јавни настапи.
За ваквиот гест на младиот Стефан Коцев од Свети Николе своја реакција упатија и од здружението Македонски Аманет Македонец за Македонец чиј што текст во продолжение го пренесуваме во целост:
“Најголемата музичка Македонска звезда Тоше Проески е наш Македонски Аманет, кој со своето дело и љубов кон Македонија не има многу задожено за генерации и генерации…
Светиниколчанецот Стефан Коцев враќајќи се од Македонија за Вараждин, Хрватска каде што живее и работи,одлучува да се поклони пред споменикот на Тоше Проески во Нова Градишка, Хрватска, каде што загина Тоше, фографиите се сведок на тоа оддавање почит.
Меѓутоа, Стефан забележува дека нема никакво обележје на Македонија, земјата која Тоше не дозволуваше никој да ја нарекува поинаку,и го остава своето знаме на Споменикот.
Го прегрна Тоше со Сонцето од Кутлеш.
Тоа што боли е што тој што го правел споменикот (не знаеме негово име во моментов)напишал дека Тоше е од Северна.
НЕ!!!
Немате никаква почит и ако сте направиле споменик кон ликот и делото на Тоше, затоа што тој илјада пати има јавно кажано, дека е горд и среќен на своето славно Крушево и што е роден во Република Македонија.
Голема благодарност од здружението за чување и негување на македонската традиција МАКЕДОНСКИ АМАНЕТ МАКЕДОНЕЦ ЗА МАКЕДОНЕЦ за личноста која го има шкртано северна иако уште се чита.
Северна не смее да стои на тој споменик.
Се надевам почитувани, ќе не поддржите во ова наше размислување.
Сакаме да го поздравиме од срце и Стефан Коцев од Свети Николе кој самоиницијативно го оставил своето Знаме на Споменикот без да размислува дали ќе остане тоа знаме таму.
Гестот е за поздрав.
Стефан ќе побара и средба со градоначалникот на Нова Градишка со иницијатива да се постави македонско знаме и да се тргне северна.
Ве замолуваме да се сподели овој пост и да допре до што повеќе луѓе и да се даде поддршка северна да се тргне од споменикот.
Благодариме.
ИМЕТО НА МОЈАТА ТАТКОВИНА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!!!
Тоше Проески.”
-стои во соопштението на Македонски Аманет Македонец за Македонец упатено преку социјалните мрежи.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Сонував дека сум цар. Се разбудив и се уште бев цар- на денешен ден замина последниот Македонски цар
На денешен ден во центарот на Штип револуционери на ВМРО го убиваат генералот Михајло Ковачевиќ
На денешен ден пред 1010 години починал Македонскиот Цар Самуил