“Македонец” е е документарен филм за ужасната судбина на децата бегалци од Егејска Македонија кои од страна на грчките власти биле преселени во Полска.
Филмот го следи коренот на постоењето на Мито Алексовски, на патување историјата на неговиот син Петро Алексовски, кој во потрага по корените на неговиот татко ја раскажува тажната судбина на цела генерација Македонци кои биле прогонети од своите родни огништа од страна на грчката власт во виорот на граѓанската војна во Грција.
Филмот е направен во Полска во 2013 година и претставува важен документ кој сведочи за трагедијата на дел од Македонскиот народ во премрежјата на Балканскиот полуостров во 20-от век кои се пролонгираат до ден денешен.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
„ЈЕЕЈ!“ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ОТКРИВА СВЕТОТ НА МУЗИКАТА – Биби и Боби со нова епизода оваа сабота
Од Олденбург до „Браќа Манаки“: светска и македонска премиера за „Нема да ви се верува што се случи претходно“
Спектакуларен викенд во Делчево по повод 31. „Голачки фолклорни средби“: Фолклорот ги руши границите и ги поврзува народите [галерии]