На кој во Македонија но и во Европа и во светот му пречи соработката на демохристијански народни влади кои што се на чело на држави како што се Унгарија, Австрија, Македонија….?
Па се разбира на Сорос и сите останати либерално-социјал-комунистички левичарски центри на моќ низ целиот свет вклучително и нивните слуги во Македонија.
Никому од нив во Македонија не им пречеше кога чичо Макрон, Федерика Могерини, Викторија Нуланд и слични левичарски креатури во Македонија спроведуваа антинародно левичарење по балкански методи во ера на општа глобална доминација на левичарската политика во светски рамки.
Сега кога Македонската НАРОДНА партија ВМРО-ДПМНЕ соработува со демохристијански влади во Европа, тоа смета.
Епа уште долго ќе смета на криминалците кои што избезумени молчат стуткани во некој ќош во најавите на владеачките партии од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ за право и правда, чекајки да видат дали ќе се реализираат овие најави.
Затоа и екстремната Левица во Македонија е предводник на пропагандните напади кон власта со цел да овозможат првична радикализација во редот на левицата и да испровоцира одговор на власта, на што потоа како крлеж ќе се закачи СДСМ. Така беше во 2015 и 2016 година и повторно истата таа шема ја играат овие политички деструктивци.
Но што е сега поразлично од таа 2015 година кога Зоран Заев зад себе имаше моќни неолиберални и левичарски структури?
Кога во 2015 година на светско ниво левицата беше во целосна доминација и подем со својот идеолошки популизам, сега политичките играчи во левицата се истрошени памфлети кои што немаат што да понудат освен деструктивизам и радикализација. Нивните празни памфлети за социјална правда низ годините наназад ја втурнаа светската популација во силна егзистенцијална несигурност, сиромаштија и глобален корпоративен грабеж кој што е во целосна спротивност на левичарските принципи и идеологија. Сите се сеќаваме како од првите денови на доаѓање на власт на Зоран Заев моќни корпорациски центри во Македонија почнаа да добиваат силни финансиски инекции од државниот буџет преку разно-разни фондови. Парите не завршија во рацете на народот туку во џебовите на малкумина олигарси. Тој погубен финансиски инструмент потоа неминовно продолжи кон груба партизација на институциите со цел задоволување на апетитите на партиското членство, со што се продлабочи агонијата на реалниот сектор, работниците и работничките права, што е повторно против основните фундаменти на левичарското движење.
Безидејноста на економијата беше корегирана со минимални финансиски инекции од бриселските неолиберални фондови и оние од Вашингтон за да се обезбедат геостратешките интереси на ЕУ и САД во Македонија и поширокиот регион. Но тоа не беше доволно… Енормниот грабеж на малкумина блиски на семејството Заеви и нивниот “клањач” Димитар Ковачевски предизвикаа катастрофален пораз на левицата предводена од СДСМ и ултра социјалистичкиот ДУИ чии што функционери доминираа со раскалашеноста на нивното штетно делување на политичката сцена во Македонија.
Најавениот обид за радикализација од страна на ДУИ секакко оди синхронизирано се реторичкиот популизам на Левица во парламентот на чии што раскрилени крилја се очекува во наредниот период СДСМ да направи пробив на политичката сцена, заборавајки дека до само пред некој месец беа жестоко казнети за нивните штетни политики. Инсталацијата на Венко Филипче на чело на СДСМ е само блед обид да се спаси што може да се спаси од остатоците на Заевизмот за кои има се подебели досиеја за злоупотреби на грбот на народот.
Така кога ќе треба да одговараат ќе почнат да се вадат на картата на политички прогон, што своевремено Зоран Заев ја играше 7-8 години додека беше во опозиција.
Токму на тие инсталации кои се продолжена рака на европскиот неолиберализам им пречат најавите за економска обнова на Македонија, предводена од домаќинска и одговорна политика на државниот врв. На отворена сцена ќе гледаме спротивставување и омаловажување на било какви финансиски инвестиции во Македонија, што секако започна со унисоните напади на постапката за влез на нов трет мобилен оператор во државата. Стравот од унгарскиот заем по особено поволни услови за Македонската економија кој што полвина ќе биде наменет за помош на стопанството по истите поволни услови кај СДСМ и ДУИ е повеќе од оправдан затоа што предвидува фер и рамноправна поддршка на сите компании а не само на оние блиски до фамилијата Заеви и штабот во Мале Речица. Дополнително другата половина наменета за инфраструктурен развоја на државата ќе значи заживување на градежништвото а со тоа и на повеќе од 20-тина други стопански гранки ширум државата.
Епа во такви услови челниците на поранешната власт (сега опозиција) на СДСМ и ДУИ и реално треба да бидат уплашени затоа што тоа ќе значи крај на нивните профитерски кариери и екскурзија во политиката.
Лекцијата од минатото е научена! Тоа можам со сигурност да го кажам имајки пошироки сознанија за карактерот на луѓето кои ги носат одлуките! Временската рамка во која власта ќе има своја динамика за воспоставување на силни демократски фер и народни политики очекувам да добива замав во наредниот период особено во првата половина на 2025 година со операционализацијата на новиот буџет на Владата. Провокациите кои ќе бидат присутни од ДУИ, Левица, квази НВО секторот, медиумските лешинари и останати неолиберални структури се веќе прочитана книга а нивниот кредибилитет е повеќе од истрошен.
Македонските граѓани имаат насушна потреба од финансиска стабилност и одржливост, предвидливост, правна и институционална сигурност а тоа е она за кое ВМРО-ДПМНЕ има дадено најголем фокус во својата програма со која ја доби недвосмислената поддршка на народот.
Намерите за нарушување на безбедноста и дестабилизација на државата од страна на ДУИ се сигурно предизвик за институциите, за што верувам дека успешно ќе биде надминат.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст