БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Министерството за култура го објави конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Врз основа на член 62 од Законот за културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), Министерството за култура и туризам објавува

ГОДИШНИ КОНКУРСИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ПО ОДДЕЛНИ ОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2025 ГОДИНА

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Министерството за култура и туризам на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година (во натамошниот текст: Годишните конкурси) ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија во следниве области:

  • визуелни уметности, архитектура и дизајн;
  • драмска дејност;
  • музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство;
  • библиотечна дејност;
  • заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелните добра;
  • литература и издавачка дејност;
  • манифестации и фестивали од областа на културата;
  • музичка и музичко-сценска дејност;
  • меѓународна соработка;
  • фолклор.

Составен дел на Годишните конкурси се пријавите за проекти по одделни области и активности.

1. УЧЕСТВО НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ

Право на учество на Годишните конкурси имаат правни лица и физички лица државјани на Република Северна Македонија.

Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (локални или приватни), единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.

Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Министерството за култура во претходните години треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура. Поднесените пријави на Годишните конкурси од правните и физичките лица што не ги исполниле сите обврски во согласност со склучените договори со Министерството за култура нема да бидат разгледувани.

На Годишните конкурси НЕ учествуваат национални установи од областа на културата.

Правните лица, со исклучок на локалните установи, може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со најмногу 2 (два) проекта во секоја област, односно едно исто правно лице може да поднесе вкупно 4 (четири) проекти.

Физичките лица може да конкурираат во најмногу 2 (две) области со 1 (еден) проект во секоја област, односно едно исто физичко лице може да поднесе вкупно 2 (два) проекта.

Во областа на литературата и издавачката дејност, правните лица може да конкурираат со најмногу 10 (десет) проекти, а физичките лица со 1 (еден) проект.

Општите и посебните услови што треба да ги исполни подносителот на пријавата се утврдени во Годишните конкурси.

Потребната задолжителна документација со која се докажува исполнетоста на општите и на посебните услови е утврдена во пријавите, кои се составен дел од Годишните конкурси.

Нема да бидат разгледувани следниве пријави:

– доставени по истекот на рокот утврден во Годишните конкурси;

– кои не соодветствуваат на областа, односно активноста на проектот;

– кои не се составен дел од Годишните конкурси;

– доставени во печатена форма во Архивата на Министерството за култура и туризам или по пошта;

– доставени на електронски адреси на вработени во Министерството за култура и туризам;

– нецелосно пополнети (сите графи треба да бидат пополнети со соодветни податоци);

– за кои во прилог не е доставена задолжителната документација утврдена во пријавите, кои се составен дел од Годишните конкурси.

2. КРИТЕРИУМИ И МЕРИЛА ВРЗ ЧИЈА ОСНОВА ЌЕ СЕ ВРШИ ОЦЕНА НА ПРОЕКТИТЕ

Критериумите и мерилата за оцена на проектите се содржани во Годишните конкурси.

3. ПРОЦЕНТ НА УЧЕСТВО НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА И ТУРИЗАМ ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Процентот на учество на Министерството за култура и туризам во финансирањето на проектите е во согласност со средствата предвидени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности.

4. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Рокот за поднесување на пријавите е утврден во Годишните конкурси (заклучно со 31.10.2024 г. до 15:30 часот)

5. ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ

5.1. Начин на пријавување

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk 

5.2. Известување за резултатите од Годишните конкурси

За резултатите од Годишните конкурси подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. За секој поднесен проект, корисникот ќе биде известен по електронски пат. Резултатите од Годишните конкурси ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.

Објавените резултати од Годишните конкурси ќе содржат информации за носителот на проектот, назив на проектот и одобрените средства за реализација на проектот.

5.3. Дополнителни информации

Дополнителни стручни информации во врска со Годишните конкурси за секоја област може да се добијат на следниве електронски адреси:

  • Манифестации – Мандика Нича Божиновски

mandika.nica@kultura.gov.mk

  • Драмска дејност – Снежана Иванова-Китанова

snezana.ivanova@kultura.gov.mk

  • Фолклор – Беса Ода Муртеза

besa.murteza@kultura.gov.mk

  • Музичка дејност – Елена Николовска

elena.nikolovska@kultura.gov.mk

  • Издавачка дејност – Весна Ѓуровска

vesna.gjurovska@kultura.gov.mk

  • Меѓународна соработка – Гордана Ивановска Велковска

gordana.ivelkovska@kultura.gov.mk

  • Библиотечна дејност – Љумтурије Зајази

ljumturije.zajazi@kultura.gov.mk

  • Музејска дејност – Абази Ибуш

ibush.abazi@kultura.gov.mk

  • Заштита на недвижно културно наследство – Елена Павлова

elena.pavlova@kultura.gov.mk

  • Визуелни уметности – Мариела М. Аџигогова

mariela.adzigogova@kultura.gov.mk

Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата на uslugi.gov.mk (https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на овој национален портал за е-услуги.

Извор: Министерство за култура и туризам

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace