БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Во очи на годишнината од терористичкиот напад кај Вејце во 2001 година

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

ИГОР КОСТЕСКИ († 25 г.), ПОЕТ БРАНИТЕЛ – ЅВЕРСКИ МАЧЕН И УБИЕН КАЈ СЕЛО ВЕЈЦЕ, ТЕТОВСКО (28.04.2001)

„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“

Тоа беа една од последните стихови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес, кој го носел секогаш со него, пред маченичката смрт кај село Вејце. Тој има напишано и ред други поеми. Ако некогаш, во некој подобри времиња ќе влезат бранителите во учебниците по историја, тогаш прво, што би требало да се вметне се стиховите на Игор Костески.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Роден во Драчево, Игор уште од мал е израснат со патриотски дух. Неговата фамилија има семеен револуционерен корен и потекнува од село Слатино, сместено во етногеографската област Дебрца. Во книгата „Масакрот во Вејце од 2001 година“, таткото на Игор, Миливој Костески, наведува дека во секоја буна, војна или востание лозата Костески давала жртви. Така било во Илинденското востание, во Првата балканска војна, во НОБ, како и во војната 2001 година. Војничката кариера на Игор почнува со отслужување на воениот рок во 1995 година. Во касарната „Стив Наумов“ во Битола служеше девет месеци. Во 1998 година станува припадник со чин „Водник“ во БСН Волци.

Игор беше активен член на падобранскиот клуб „Јуриј Гагарин“ во Скопје каде направи 186 падобрански скокови. Не му се исполни желбата да формира падобрански вод во специјалната единица Волци. Во слободно време Игор се обидуваше да се релаксира со цртање и сликарството. Од посебна значајност е нотесот на Игор кој го носел секогаш со него. Во нотесот си запишувал поеми и песни за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за неговото кобно пречувство.

Игор беше голем верник, искрено од длабочината на срцето веруваше во Бога и тоа аргументирано го ширеше меѓу оние со кои стапуваше во контакт. Многу читаше верска литература и теоретски се подготвуваше да студира на Теолошкиот факултет. Последната година од неговиот живот, викендите и годишниот одмор, меѓу две битки од фронтот, ги користеше во посета и престој на повеќе манастири низ Македонија, со цел поблиску да го доживее манастирскиот и монашкиот живот во нив.

Не само што во неговите поеми го опишуваат кобното претчувство, исто така и ден пред масакрот се случуваат чудни измени во патролата и смените, при што Игор станува нервозен. Тоа го потврдува разговорот со мајката преку телефон, која во моментот на муабетот на 27 април 2001 година во 20:30 часот го прашува синот што е таа врева во позадината. Игор одговара: „Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“

Таткото на Игор, Миливој Костески, објавил книга под името Смртта ме гушна од неговиот нотес каде можат да се читаат сите негови мисли. Стихозбирката Смртта ме гушна претставува посмртно издание на загинатиот водник, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ. Во книгата поместени се шеесеттина песни, каде Костески пее за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за своето кобно претчувство.

Во заседата, на Игор Костески му се нанесени седум огнострелни рани по целото тело. Сигурно додека давал знаци на живот, од близина со пиштол му е пукано во чело. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со „хамерот“, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник застанат беше во 18:12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал. Во негова чест, во паркот на бранителите во скопско Драчево е поставен спомен плоча на меморијалната фонтана. Во Слатино, Дебрца, каде што потекнува семејството на Игор, исто така е поставен споменик во негова чест.

Не само што во неговите поеми го опишува кобното претчувство, исто така и ден пред масакрот се случуваат чудни измени во патролата и смените, при што Игор станува нервозен. Тоа го потврдува разговорот со мајката преку телефон, која во моментот на муабетот на 27 април 2001 година во 20:30 часот го прашува синот што е таа врева во позадината. Игор одговара: „Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“.

Факт е дека неколку дена пред масакрот, врховниот командант и претседател на државата, Борис Трајковски, од Единицата за специјални намени повлекува 30 „Волци“, членови на ВМРО-ДПМНЕ за да бидат сигурно до него, а и да ја чуваат претседателската резиденција на Водно.

Извор: Македонски Бранители

Креирано од:


Пренеси го гласот