Делчево ова лето живее во ритамот на традицијата, културата, заедништвото и незаборавната забава! 🎭🎶
Од 31 јули до 15 август ве очекуваат фолклорни вечери, концерти, изложби, иселенички средби, гастрономски настани, културни содржини и дружења за сите генерации.
ДЕЛЧЕВО ОВА ЛЕТО Е ЦЕНТАР НА ЗАБАВА И ДРУЖЕЊЕ!!!
🎤 Влатко Миладиновски • Суперхикс • Амадеус Бенд • Иван и Ангел
💃 Меѓународен фестивал „Голачки фолклорни средби“
🌿 Светско првенство во рачно косење трева
🥬 “Зелкаријада”
🌍 Денови на делчевската дијаспора „Корените нè поврзуваат 2026“
📍 Дојдете во во градот каде традицијата, музиката и гостопримството создаваат приказни што траат.
Ве очекуваме! ❤️
Настани и Програма:
31 јули, 20.00 часот:
Иселеничка средба во село Габрово,
Локација: двор на подрачно училиште,
02 август, 07.30- 16.30 часот:
Одбележување на државниот празник 2 Август -Илинден, Празнување на верскиот празник посветен на “Св. Илија” во село Ѕвегор,
- 08.00 часот: Света празнична литургија,
- 09.20 часот: Празнична беседа на свештено лице Висарион
- 12.00 часот: Свечена празнична музичка илустрација
- 13.00-13.30 часот: Завршен дел на литературан конкурс “Ноќ спроти Илинден” во реализација на НУЦК “Никола Јонкков Вапцаров” Делчево,
- 13.35-13.45 часот: Настап на Здружение на пензионери
- 13. 45 – 14.05 Настап на ФГ “Вапцаров” Делчево
- 14.05- 14.30 часот: Настап на ЗФГ “Копачка” с. Драмче,
- 14.30-15.00 часот: Општонародна веселба со изворни ора и песни со учесници во програмата и присутни гости
- 15.00 часот: Празничен ручек- курбан
Локација: Манастирски комплекс “Св. Илија” во атарот на село Ѕвегор
02 август, 10.00 -10.30 часот:
Полагање на свежо цвеќе и читање на пригоден реферат пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОБ
03 август, 20.00 часот:
Иселеничка вечер во село Вирче,
Локација: Спортско игралиште во центарот на село Вирче
04 август 11.00 часот:
Светски шампионат во рачно косење на трева
Локација: Центар на Делчево, Градски стадион Делчево
05 август,
18.00 часот Креативна работилница „Боите го разубавуваат паркот“ – локација Градски парк
18.30 часот Доделување јубилејни признанија на крводарители – ОО Црвен крст
Локација: Фоаје на Спомен дом АСНОМ Делчево
20.00 часот Отварање на уметничка изложба на ликови дела од Лесновската колонија
Локација: Фоаје на Спомен дом АСНОМ Делчево
20.00 часот:
Иселеничка вечер во село Град,
Локација: Двор на подрачно училиште.
6 август, 12.00 часот:
“Зелкаријада” во село Тработивиште,
Локација: Училишен двор на подрачно училиште во село Тработивиште
07 август:
- Прва ревијална вечер на Меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби”:
- 18.00 часот:Свечено фолклорно дефиле на потегот од плато пред Летна сцена- Бул. Методи Митевски Брицо- Бул. Маршал Тито
- 20.00 часот: Настап на фолклорни друштва:
- Фолклорна група „Вапцаров“ Делчево
- ЖПГ„Ѓурѓа“ Делчево
- ФА „Бели Мугри“ Кочани
- Етно трио „Евина“ Ќустендил Р.Бугарија
- Влашка пејачка група „Грамостен“-Скопје
- КУД „Дукати“ Крагуевац Р.Србија
- 21.30 часот: Концерт на Влатко Миладиновски,
- Концерт на Суперхикс
Локација: Летна сцена во центарот на Делчево
08 август,
12.00 часот: Промоција на стрип “БЕШЕ ЕДНАШ НА ИСТОКОТ” од артистот Бобан Пешов, Локација: Фоаје на спомен дом АСНОМ
18.00 часот: Свечено фолклорно дефиле на потегот од плато пред Летна сцена- Бул. Методи Митевски Брицо- Бул. Маршал Тито
20.00 часот: Втора главна вечер на Меѓународниот фолклорен фестивал “Голачки фолклорни средби” :
- Фолклорна група „Вапцаров“ Делчево
- КУД „Русалии“ Секирник
- КУД „Вера Јоциќ“ Македонска Каменица
- ЗФГ „Копачка“ с.Драмче
- Оркестар „Осоговски извор“ Оризари – Кочани
- ФА „Радоје Домановиќ“ Рача-Р.Србија
- Пејачка група „Изданак“ Рача – Р.Србија
- Народно читалиште „Арсениј Костенцев 1980“ с.Изгрев Благоевград – Р.Бугарија
- ФА „Пиринче“ Благоевград – Р.Бугарија
- ФА „Тиквеш“ Кавадарци
Локација: Летна сцена во центарот на Делчево
09 Август 20.00 часот:
Музичка илустрација со Македонска музика
Концерт на Иван и Ангел
Концерт на Амадеус бенд
Локација: Летна сцена во центарот на Делчево
10 август, 20.00 часот: Иселеничка вечер во населба Стрелиште и Таушанско маало
11 Август 11.00 часот:
Форум на дијаспората од Делчево 2026
Локација: Фоаје на Спомен дом АСНОМ Делчево
15 Август, 20.00 часот:
“Расадничка вечер”
Локација: Населба Стар Расадник

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2026“, познатата „Сливијада“ утре во село Град доживува нова енергија за развој
Учениците на СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица го посетија Спомен домот на Разловечкото востание во село Разловци
Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа