Продолжува хаосот и неспособноста на власта која се обидува со манипулации и измами да ја лаже јавноста додека дебело ќешира високи функционерски палти на грбот на граѓаните. Во прилог на Агенда 35 се изнесуваат шокантни информации за коруптивни зделки во РЕК Битола кои што надлежните во оваа државна компанија го има прикажувано како капитални инвестиции. Станува збор за над 135 милиони евра кои што биле плаќани за набавка на мазут за тековно работење на АД Електрани, но истите биле прикажувани како капитални расходи со цел да се измами јавноста. Исто така враќање на долгови на АД Национални патишта било исто така прикажувано за капитални расходи на компанијата.
Во прилогот станува збор и за земени кредити од страна на институциите на владата за изградба на инфраструктура, кои што не биле користени а за кои се плаќале огромни износи на камати. Така граѓаните не ги добиле предвидените инфраструктурни објекти а плаќаат дебело на име на камати поради неспособноста на државните власти. Станува збор за 1 милијарда 750 милиони евра пари-неискористени од кредитни линиии за кои што државата плаќа над 25 милиони евра камати!
Ваквата состојба директно ја уништува државата а дали некој ќе сноси одговорност во наредниот период за ваквите постапки останува да проследиме во иднина!
Повеќе во видеото во продолжение:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија, работиме за да се најдеме на мапата на светските инвеститори
Предупредување до сите што градат незаконски: Започнува строго контролирање на бесправната градба!
Тошковски од Приштина: Евалуација на функционирањето на One Stop Shop системот, следна фаза е имплементација на граничниот премин Јажинце