Првиот човек во државата- Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен манифестираше крајно поданички однос кон високата претставничка на Европската Унија.
“Ние како држава имаме 50% усогласеност на нашето законодавство со Европската Унија. Ние имаме институции кои што се целосно усогласени со Европската Унија. Нашиот економски систем е на ниво на перформанси кои што овозможуваат да добива макрофинансиска помош од Европската унија, ако не е така нема ни да се разговара за такви прашања” во одговор на новинарско прашање истакна премиерот Ковачевски.
Ваквата изјава колку е комична толку е и трагична затоа што за од позиција на премиер да истакнеш дека твојата држава со која раководиш има перформанси да добива финансиска помош е повеќе од неспособност и очај за било кој граѓанин на државата. Кога премиерот вели дека државата е спремна да прима финансиски помош од ЕУ тоа во контекст значи дека државата е банкрот доколку не прими помош од ЕУ. Ваквата изјава јасно и гласно ја кажува премиерот и претседател на партија која 7 години е на власт во државата и никому-ништо!
Прашањето кое се наметнува е дали и кој намерно ја донесе Република Македонија до едно вакво ниво на “перформанси” за кои зборува Ковачевски за да моли за помош од ЕУ?
Дополнително траги-комично во оваа изјава на Ковачевски е што вели дека институциите биле целосно усогласени со Европската Унија. Тоа се истите оние институции за кои што има доверба на судско-обвинителскиот систем на ниво на статистичка грешка, превработената и партизирана администрација, систем на тендери во 4 очи и тендери со еден изведувач близок до партиите на власт, руинирано здравство, распаднато образование, уништена економија….
Ако тоа е нивото на развој на Европската Унија- НЕ БЛАГОДАРАМ!

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ против двајца вработени во ЈП „Национални шуми“
Специјалните полициски единици спасија две момчиња од водите на Мавровското езеро
Кривична пријава против прилепчанец за „производство и дистрибуција на детска порнографија“