БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Кривична за воспитувачката во градинка во Велес за која алармиравме дека на деца им давала електронска цигара

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Откако претходно Брегалнички.мк во јавноста алармираше дека Деца во градинка во Велес пушеле електронска цигара. Воспитувачката отстранета, родителите бараат одговорност! од МВР постапиле по овој случај при што има правна постапка на прогон против воспитувачката која што е осомничена дека е сторител на ова дејство.

Отсекoт за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против 38 годишната В.И. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење“ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Како што попладнево информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска, пријавената, вработена како негувателка во детска градинка во Велес, овозможила на деца од градинката да користат електронска цигара.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Креирано од:


Пренеси го гласот