Во петокот 29.09.2023 година во детската градинка “Димче Мирчев” во Велес се случил немил настан. Неколку од дечињата кои посетувале настава во градинката се пожалиле на своите родители дека пушеле електронска цигара за време на претстојот во градинката.
До нашата редекција пристигнаа кредибилни информации од родител на дете од градинката кој што сака да остане анонимен. Според укажувањето на родителот повеќе дечиња пушеле цигара а останатите дечиња кои биле околу нив им барале поради љубопитност и тие да пробаат.
Во меѓусебна комуникација меѓу родителите од групата на засегнати дечиња тие го искажувале својот револт и резгневеност од ваквиот чин и побарале одговорност од директорката на детската градинка за одговорната воспитувачка. Според информациите доставени до нашата редакција директорката ја отстранила воспитувачката и за засегнатата група дечиња била поставена нова воспитувачка. Притоа било посочено од страна на директорката дека таа немала ингеренции за понатамошни санкции на одговорната воспитувачка што го дозволила немилиот чин помеѓу дечињата а родителите за ваквиот чин да достават до градинката официјални поплаки што родителите во текот на денешниот ден и го направиле.
“Дали децата ни се безбедни и малтретирани” прашува еден од родителите на засегнатите деца во групата.
Нашите информации од укажувачот говорат дека во оваа градинка владее еден вид на безредие во поглед на кадровата структура во градинката, со оглед на тоа дека според родителите биле вработувани луѓе без искуство и соодветна стручност со што опаднал драстично квалитетот на наставно-воспитниот процес во градинката.
Оваа детска градинка моментално е под ингеренции на централната власт затоа што на општина Велес им се одземени ингеренциите од страна на ресорниот министер, па политиката била таа што допринела за лошиот квалитет на извршување на основната дејност на градинката, -тврди нашиот укажувач.
Засегнатите родители решиле да се обратат до нашиот медиум со цел оваа информација да стигне до надлежните но и подигање на свесноста кај јавноста за можни други несакани слични појави во институциите, со цел истите да бидат разоткриени а одговорните да бидат соодветно законски санкционирани.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Не издржаа: Од партиска говорница СДСМ се обидува да го политизира ужаснииот и трагичен случај во Кочани
Здравствените власти во државата работат со полн капацитет, ова е бројот на хоспитализирани пациенти по здравствени установи, како и упатени во странство
ААВМУ: Медиумите да бидат особено внимателни кога известуваат за трагедијата во Кочани