БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Гемиџиска здравица за Македонија во чест на 121 годишнината од Солунските атентати

Пренеси го гласот

28-30 април 1903 година се навршуваат 121 година од Солунските атентати кои што го свртеа вниманието на светската јавност за Македонското прашање.

Во срцето на отоманската Империја во Солун како еден од најзначајните градови тоа време, беа спроведени низа на терористички акции од страна на десетмина Македонски родољуби и Патриоти кои со својата саможртва положена на олтарот на татковината дадоа светол пример за непрекинатата борба за слобода на Македонскиот народ.

Имињата на: Јордан Поп Јорданов – Орцето,

Константин Кирков,

Димитар Мечев,

Илија Трчков,

Владимир Пингов,

Павел Шатев,

Марко Бошнаков,

Милан Арсов,

Георги Богданов и

Цветко Трајков,

засекогаш ќе бидат испишани со светли букви во пантеонот на Македонскиот идентитет, постоење и револуционерна борба.

На фејсбук страницата “Слобода за Јане Ченто” стои објавено кратко видео од Македонскиот игран филм “Солунските атентатори”.

Во филмот Солунските атентатори последната ноќ пред атентатите се упатуваат овие моќни пораки кои произлегуваат од македонската кинематографија што ги содржи овој филм кој секако вреди да биде погледнат.

“Ние не бараме слава.

Доста е ако еден ден луѓето не разберат и наместо споменик, нека таму кадешто ќе загинеме, ни остават еден цвет.

Еден цвет, со боја на срцето.

Мајчице.

Сакавме само едно, да бидеме твои добри синови.

Ако не успеавме, прости.

Ќе дојдат еден ден подобри од нас.”

#СлободаЗаЈанеЧенто

Младиот јутјубер Марио кој што во своите видеа на јутјуб зборува за историски теми поврзани со епската историја на Македонија, во чест на Солунските атентатори со рецитирање на овие познати зборови на Константин Кирков од истоимениот филм со личен пример пред некогашната Отоман банка во Солун остави цвет со боја на крвта што ја симболизира пролеаната крв на гемиџиите.

Креирано од:


Пренеси го гласот