БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Драган Ковачки денеска помеѓу жителите на Берово и Делчево

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во текот на денешниот ден носителот на кандидатката листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата “Твоја Македонија” во Третата изборна единица Драган Ковачки ќе биде помеѓу граѓаните на општините на крајниот исток од државата Берово и Пехчево.

Од тимот на Ковачки најавуваат дека носителот на листата ќе има повеќе активности, средби, состаноци и мали митинзи во рамки на кампањата за парламентарните избори кои што ќе се одржат заедно со вториот круг од претседателските избори на 8 мај.

Утрото Ковачки заедно со кандидатот за пратеник од Берово Столе Кракутовски го започнаа со одавање на должна почит на споменикот на Македонските бранители кои што животот го положиле за Македонија.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

“Утрото го започнав со оддавање почит кон бранителите кои животот го положија за Македонија.

Тие луѓе беа со години игнорирани од власта на СДС/ДУИ, но од нас не можат да бидат заборавени затоа што се на пиедесталот. Поради нив и поради секој еден од нас мораме да го промениме ова црнило кое е над Македонија. Затоа ве повикувам сите да се обединиме затоа што тоа им го должиме на нив и на нашите поколенија.

Ќе ја вратиме Македонија на народот, Македонија ќе биде повторно твоја! “

-напиша на социјалните мрежи во врска со овој настан Драган Ковачки.

Креирано од:


Пренеси го гласот