Хајао Мијазаки, едноставно создава магија, и неговите филмови секогаш оставаат воодушевувачки ефект.
Овие филмови се вистински ремек-дела со неверојатни приказни кои имаат длабоко значење.
„Не можеш да ја промениш својата судбина. Но, можеш да се издигнеш и да ја сретнеш.“
– Принцезата Мононоке (Princess Mononoke)
„Земјата ни зборува на сите нас, а ако слушаме ќе можеме да разбереме.“
– Замок во небото (Castle in the Sky)
„Без разлика колку оружје имате, без разлика колку ви е одлична технологијата, светот не може да живее без љубов!“
– Замок на небото (Castle in the Sky)
„Велат дека најдобриот пожар гори најсветло кога неговите околности се најлоши.“
– Подвижниот замок на Хоул (Howl’s Moving Castle)
„Кога некој започнува нешто со целото свое срце, тогаш таа креација добива душа.“
– Мачката се враќа (The Cat Returns)
„Сепак, и покрај омразата и масакрот животот вреди да се живее. Возможно е да постојат прекрасни средби и убави нешта.“
– Хајао Мијазаки
„Само следи го своето срце и продолжи да се смееш.“
– Службата за испорака на Кики (Kiki’s Delivery Service)
„Сега оди и не гледај назад.“
– Авантурите на малечката Чихиро (Spirited Away)
„Навистина не е важно каква боја ти е фустанот. Она што е важно е срцето внатре.“
– Службата за испорака на Кики (Spirited Away)
„Секогаш верувај во себе. Прави го ова без разлика каде си, и нема да има од што да се плашиш.“
– Мачката се враќа (The Cat Returns)
„Штом ќе сретнеш некого, никогаш не го забораваш целосно.“
– Авантурите на малечката Чихиро (Spirited Away)
„Сакав да им пренесам порака на децата дека овој живот вреди да се живее. Пораката не е променета“,
-Хајао Мијазаки за Подвижниот замок на Хоул
„Животот, како што велат, си има свои подеми и падови. Понекогаш брановите можат да ви се потсмеваат, да ве фрлаат наоколу. Но бидете храбри. Тешко е да успеете сами. Но дури и неколку губитници можат да преживеат речиси сè кога се заедно.“
– Моите соседи Јамада (My Neighbors the Yamadas)
„Создавањето на еден свет потекнува од голем број фрагменти и хаос.“ – Хајао Мијазаки „Срцето е тежок товар.“
– Подвижниот замок на Хоул (Howl’s Moving Castle)
„Инспирацијата ја отклучува иднината.“
– Ветрот се засилува (The Wind Rises)
„Многу од моите филмови имаат силни главни женски ликови – храбри, самостојни девојки кои не размислуваат премногу кога треба да се борат за она во коешто веруваат. Потребен им е пријател или некој што ќе ги поддржува, но никогаш спасител. Секоја жена може да биде херој како и секој маж.“
– Хајао Мијазаки
„Животот е трепкачка светлина во темнината.“
– Хајао Мијазаки „Ајде сите, обидете се да се смеете. Тогаш, што и да е тоа што ве плаши, ќе си замине!“
– Мојот сосед Тоторо (My neighbor Totoro)
„Нема иднина за луѓето кои ја сакаат иднината и го забораваат минатото.“
– Од ридот на булките (Up on Poppy Hill)
„Станав скептичен за непишаното правило дека само затоа што момче и девојче се појавуваат во иста сцена, мора да има романса. Наместо тоа сакам да прикажам малку поинаква врска, онаква каде што двајцата еден со друг се инспирираат да живеат. Ако сум способен, можеби тогаш ќе се доближам до прикажување на вистинско искажување на љубовта.“
– Хајао Мијазаки
„Животот е страдање. Тежок е. Светот е проколнат. Но сè уште наоѓаш причини за да живееш.“
– Принцезата Мононоке (Princess Mononoke)
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Тој е еден од најекстатичните филмски режисери од Европа: Ворнер Херцог е мелем на душа за секој филмски критичар и обожавател
Николас Хулт припаѓа на помладата генерација на актери чија кариера е во постојан подем
Сеќавање на еден од најстрашните филмски ликови на нашето детство