Џенифер Шредер Лоренс (родена 15 август 1990 година) е американска актерка. Нејзините филмови заработија над 5,7 милијарди долари ширум светот, а таа беше најплатената актерка во светот во 2015 и 2016 година. Лоренс се појави во 100 највлијателни луѓе на Тајм на светската листа во 2013 година и во листата на 100 славни личности на Форбс во 2014 година. Во текот на детството, Лоренс настапуваше во црковни претстави и училишни мјузикли. На возраст од 14 години Џениер Лоренс се преселила во Њујорк, кога ја забележал скаут за таленти. Лоренс потоа се преселила во Лос Анџелес и ја започна актерската кариера играјќи споредни улоги во ТВ серии. Во нејзината прва голема улога таа се појави во ситкомот The Bill Engvall Show (2007–2009). Лоренс го имаше своето филмско деби во споредна улога во Garden Party (2008), а својот пробив го имаше играјќи сиромашna тинејџерка во независната драма филмот Winter’s Bone (2010)
Таа постигна пошироко светско признание за глумењето како мутантто Mystique во X-Men: First Class (2011), улога што ја репризира во подоцнежните продолженија од серијалот. Славата на Лоренс продолжи да расте со нејзината главна улога како Катнис Евердин во филмската серија Игри на глад (2012–2015), која ја позиционираше како хероина со највисока заработувачка на сите времиња.
Таа продолжи да заработува различни признанија за соработките со режисерот Дејвид О. Расел. Нејзината изведба како депресивна и биполарна вдовица во романтичниот филм Silver Linings Playbook (2012) ѝ заработи Оскар за најдобра актерка, со што стана втора најмлада добитничка на наградата. Лоренс после тоа ја освои наградата БАФТА за најдобра актерка во споредна улога за играње проблематична сопруга во црната комедија American Hustle (2013). Лоренс исто така ја доби и наградата Златен глобус за улогите во овие два филма, како и за нејзината изведба како Џој Мангано во биографскиот филм Joy (2015). Оттогаш глумеше во научно фантастичната романса Passengers (2016), психолошкиот хорор Mother! (2017), и шпионскиот трилер Red Sparrow (2018).
Џенифер Лоренс е една од најубавите и најинтелегентните жени во Холивуд која што живее приземен живот и покрај обидите на филмскиот меинстрим да ј инкорпорира во сопствените декадентнит влијанија.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Близначките Клеменц- од најмлада возраст блескаат со вонземска убавина
Џилијан Андерсон е кралица на драмата а нејзината актерска сензација произлегува од внатрешен интелектуален и емотивен баланс!
Барбара Буш – За животот, љубовта и семејството