Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ преку социјалните мрежи упати своја реакција во однос на партизираноста на МВР со партиски кадри на СДСМ од страна на Оливер Спасовски.
“После акцијата во која беа уапсени полицајци на ГП Табановце, вклучително и командирот на граничниот премин Игор (со зелено на сликата), од пред некој ден за командир на ГП Табановце е поставен Игор Додевски (со розево на сликата).
Еве како се поставуваат началници и командири во МВР, основен услов е присуство на партиски трибини на СДС и лојалност кон партијата, а не кон државата.
*Со жолто на партискиот настан е началникот на Регионалниот Центар – Север на МВР, инаку зет на Министерот за внатрешни работи.”
-соопшти Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Д-р Башким Шабани со апел до населението: Еден донор може да спаси повеќе животи, тоа е чин на солидарност, емпатија и човечност
Обраќање на Премиерот Мицкоски на Советот на Германско-Македонската стопанска комора
Младите ја креираат зелената иднина – Божиновска ги додели признанијата на победниците на националниот натпревар за зелени иновации