БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Името на овој револуционер- најверен курир на Гоце Делчев е овековечено со централниот плоштад во Виница

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“АКО ЕДЕН ДЕН СЛУШНЕТЕ ДЕКА МЕ УБИЛЕ ГОРЕ НА ГРАНИЦАТА, СЕ ЛАЖЕТЕ… УШТЕ НЕ Е РОДЕН ТОЈ ТУРЧИН ШТО МОЖЕ ДА МЕ УБИЕ ИЛИ ЖИВ ДА МЕ ФАТИ. НО ДУРИ НЕ ГО ИСТРЕЛАМ И ПОСЛЕДНИОТ КУРШУМ НЕМА ДА УМРАМ”.

Ова се зборовите на најголемиот македонски револуционер и деец од Виница Ангел Димитров Винички познат како и Ангел БабаБожанин Винички.

Ангел Винички со своето револуционерно делување покривал територија од Ќустендил- денешна Република Бугарија, преку Осоговијата, селото Саса до село Драгобрашта – Виничко, каде што во тоа време бил пунктот за собирање на оружје и муниција за организацијата.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

На 26.10.1902 година тој загинува на 42 годишна возраст во близина на селото Драгобрашта во Терзиската маала. Таа кобна вечер на 25/26.10.1902 година Ангел Винички бил предаден заедно со уште 9 негови соборци од четата на Михаил С Ганчев.

Битката траела цела вечер за да напладне на 26 Октомври кога аскерот добил засилување доаѓаат и последните моменти од животот на Ангел Винички. Откако го истрелал и последниот куршум од неговиот револвер настанала потполна тишина, турците си помислиле дека ќе се предаде но Ангел Винички седнал на земјата и почнал да се расоблекува. Ги тргнал од себе сите реденици за патрони, појасот, неговиот џебен часовник, револверот, ја зел неговата кама во рака и силно си ја забодел во срцето и со тоа се самоубил и непаднал во рацете на аскерот. На погребот присуствувале сите селани од с.Драгобрашта и на истиот, началникот на турскиот асќер и останатите војници им одале заслужена војничка почест на Ангел Винички и неговите соборци.

Ангел Димитров Винички 1860-1902 ќе биде запаметен како прв и најверен курир на Гоце Делчев кој во една прилика за него ќе каже “Еден редок селанин со вродени добродетели и ретки увлеченија на револуционер, кој цврсто е посветен на организацијата и секогаш подготвен да изгори во огнот за слободна Македонија. Незаменлив деец на организацијата од самото нејзино основање”.

Ангел Винички е маркантна личност од предилинденскиот и илинденскиот период од овој крај. Пренесувал муниција и оружје од работилницата за оружје во селото Саблер кај Кустенил, денешна Република Бугарија. Муницијата ја пренесувал преку тајни канали низ Осоговијата до село Драгобрашта каде што бил и собирниот пунк на организацијата. За Ангел Винички се испеани и неколку народни песни за неговото херојско дело.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace