Викендов наши сограѓани имаа можност на луда и незаборавна журка да уживаат во благодетите на зимата. Со огромна количина снег, чист воздух, многи убаво расположение со многу млади луѓе, журката на која може да позавидат многумина не изостана.
Инвестициите на државата, локалните власти, водењето на конзистентни политики за доброто на сите граѓани насекаде низ државата овозможија развој на ова место прикажано на видеото подолу.
И покрај сувото време во континуитет сепак граѓаните на повисоките планински места имаа можност да уживаат во свежината на снегот кој се распосла по планините ширум нашата држава…
Насловот е пародија кој има за цел да го сврти вниманието на надлежните власти кон состојбата во која наоѓаат туристичките потенцијали и капациттети во целиот Брегалнички регион.
Видеото пренесено од социјалната мрежа твитер во оваа статија всушност е снимено викендов на Попова Шапка. За целосен впечаток пожелно е видеото да се слуша со попуштен звук до максимум.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Подобрување на водоснабдувањето во Кочани и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“
Животот како одговорност: Фондација што гради култура на грижа, правда и свесност
Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен. Бараме од ЕУ да ги ревидира правилата за македонските превозници