Брегалнички Портал

Вести од Багалничкиот регион.

Пет години по смртта на Долорес, нејзината музика и магичен глас живее и понатаму

Пренеси го гласот

На 15-ти Јануари пред 5 години згасна животот на еден од најпрепознатливите и специфични музички вокали на светската поп-рок сцена. Фронтменот и пејачката на мега популарната ирска поп-рок група Кранбериис (cranberries)- Делорес О-Риордан (Dolores O’Riordan) почина во 2018 година кога беше на 46 годишна возраст.

Тогаш информацијата за нејзината смрт ја пренесе Асошиејтед прес на нивниот твитер профил.

BREAKING: Publicist: Singer Dolores O’Riordan of Irish band The Cranberries has died aged 46. — The Associated Press (@AP) January 15, 2018

Нејзината смрт настапила додека со нејзиниот бенд беа на кратко патување в Лондон каде требале да направат неколку снимки.

Со бендот таа успеа да ги премине сите музички граници со примеси на дрим поп, џaнгл поп, пост панк и ирски фолк. The Cranberries се еден од најуспешните бендови во 90-тите години кој има продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот.

Делорес О-Риордан со својот поп-рок бенд Кранбериис (The Cranberries) стекна планетарна слава во почетокот на 90-тите години од минатиот век со мега популарните хитови

Зомби (Zombie)

Соништа (Dreams)

Ода за моето семејство (Ode to my familly) 

Кога те нема (When you’re gone)

Linger

Особено препознатлив беше нејзиниот фоничен глас и нејзината неисцрпна енергија со која ги исполнуваше своите песни.

Оваа влијателна поп икона сигурно ќе му недостасува на светот, особено што вака млада го напушти својот артистички определен пат.

Нека почива во мир

Креирано од:


Пренеси го гласот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com