Стеван Сремац е еден од најзначајните писатели. Неговите „Ивкова слава“, „Вукадин“, Поп Чиро и поп Спиро“, „Зона Замфирова“ достигнаа врвна балканска слава , но и голема популарност во светски размери. Овие дела не се останати само на хартија, туку најмногу ни се познати како ТВ серии и филмови.
Неговите дела изобилуваат со хумор, традиционализам и конзервативност.
Прoчитајте дел од неговите преубави цитати.
„Женидба, тоа е просто игра на среќа. Имате, ви велат, полна вреќа змии и меѓу нив една јагула, ставате рака во вреќата и бирате! Е, па ајде, нека ви се падне баш таа една единствена јагула.“
„Додека имате магаре, јавајте го.“
„Тешко на своите без своето.“
„Каде што нема расправии, нема ни нежности.“
„Кога кучето јаде колбас, сигурно го украло.“
„Богатство не е ниту среброто ниту златото, туку она што му е драго на срцето.“
„Не вреди главата кога не носат нозете.“
„Првата љубов и мајскиот дожд се прекрасни, но поминуваат за час.“
„Рибата и гостинот третиот ден почнуваат да смрдат.“
„И месечината може да биде поглед кон светот.“
„Да е водата добра, во неа не би пливале жаби, туку луѓе.“
„Каде има оган, мора да има и чад.“
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
🎭 Поддржете ги нашите 16 млади балетски уметници да заблескаат на Финалето на Youth American Grand Prix! ✨
Објавен конкурс за нови композиции фестивал “Бисер на Јадранот” 2025. – повик за пејачи, автори од Македонија
Таа е кралицата на New Age музиката, живее во замок до кој се пристапува со хеликоптер