На 1 јануари (стар стил) или 14 јануари православните верници слават три празници: Обрезание Господово, го слават Свети Василиј Велики, а воедно и го празнуваат почетокот на новата година по Јулијанскиот календар- помеѓу народот позната како Православна Нова Година.
Од историската наука е познато дека Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век од нашата ера. Тој е роден во Кападокија (денешна Анадолија, во Турција), а завршил училиште во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење.
Свети Василиј Велики откако го завршил школувањето, на својата 30 годишна возраст се вратил во родното место каде бил учител, а подоцна примил свештенички чин и станал проповедник во црквата. Бил народен човек, лесно ги придобивал луѓето за христијанската вера. Умрел на 14 јануари 378 година.
Именден на денешниот ден посветен на Св. Василиј Велики празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…
Народната традиција за Василица ширум етнографска Македонија се негува со векови. Во денешна Република МАкедонија Василица се одбележжува со бележити јавни настани во сите краеви на државата. Највпечатлив пример за одбележувањето на Василица е Вевчанскиот карневал кој што е познат во меѓународни рамки.
Главно обележје по кое што се карактеризира Вевчанскиот карневал е традиционалното дефиле под маски, преку кои учесниците на сатиричен визуелен начин ја прикажуваат изминатата година, со цел да посведочи за случувањата кои што се случиле за да извлече народот некаква поука од ефектите на истите.
Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството.
Дел од Македонија на овој ден празнува на тој начин што се маскира, во некои делови се прави пита со паричка во чест на Св.Василиј, а некаде се палат и Василичарски огнови.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание